Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Тешка сообраќајка кај Берово: „Опел“ се заби во ограда и се преврте, сопатничка заврши со тешки повреди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски

    Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски

    05.05.2026 во 12:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати обвинувања до Венко Филипче и СДС дека користат европска реторика како параван за национални предавства и одржување на проруски бизнис врски.

    Според Манасиевски, лидерот на СДС, Филипче, заедно со неговиот ментор Зоран Заев, го трасирале патот до ЕУ преку обезличување на државата.

    „Затоа Филипче вели дека немаат проблем да потпишуваат сѐ – уште веднаш, и да прават секакви отстапки, без притоа да има било каква гаранција за Македонија. Истовремено, СДС и Венко Филипче се претставуваат како проевропски и зборуваат за европски вредности, а одржуваат проруски врски“, изјави Манасиевски.

    Тој потсети на неколку случаи кои според партијата се доказ за овие тврдења, меѓу кои и македонското државјанство за Александар Онишченко, човек кој во Украина бил гонет за корупција и перење пари.

    Како дополнителен пример за „бизнис шемите“ на претходната власт, Манасиевски го посочи и случајот со почесниот конзул на Белорусија, Борче Марковски.

    „Тој благодарение на Заев и Филипче доби 77 државни тендери од кои 66 беа од ЕСМ во вредност од 141 милион евра“, нагласи Манасиевски.

    На крајот од своето обраќање, Манасиевски ги спомена и бизнисите со Миодраг Давидовиќ Дака во Тетово, заклучувајќи дека обидот за ребрендирање на СДС како проевропска партија нема да ги избрише сеќавањата на граѓаните за нивното минато делување.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.