Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила за шопинг од „Тему“ и „Шеин“: ЕУ воведува фиксна царина за евтините онлајн пратки

    Нови правила за шопинг од „Тему“ и „Шеин“: ЕУ воведува фиксна царина за евтините онлајн пратки

    05.05.2026 во 11:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија подготвува нова регулатива со која се воведуваат промени во начинот на онлајн купување, особено за евтините пратки што пристигнуваат од глобалните е-трговски гиганти. Според најавите, од 1 јули 2026 година ќе започне примената на фиксна царина од три евра за сите пратки чија вредност е под 150 евра.

    Оваа категорија во моментов претставува најголем дел од онлајн нарачките во Унијата. Главната цел на Брисел е да се ограничи масовниот увоз на евтини производи преку платформите како Temu и Shein.

    Експертите предупредуваат дека дополнителниот трошок може да биде повисок од најавените три евра. Новиот модел предвидува можност давачката да не се пресметува по пакет, туку по категории на производи во една нарачка. Тоа значи дека доколку купувачот има различни типови производи во една кошничка, финалниот износ за царина би можел значително да порасне.

    Одлуката доаѓа по рекорден раст на е-трговијата. Во 2025 година во ЕУ влегле околу 5,8 милијарди мали пратки, што е зголемување за 26% во споредба со претходната година.

    Овој огромен обем, според европските институции, го преоптоварува царинскиот систем и отвора сериозни прашања за безбедноста на производите кои често не ги исполнуваат европските стандарди. Со новата давачка, Брисел цели да ја намали импулсивната потрошувачка поттикната од агресивните маркетинг стратегии на кинеските платформи.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Кузманоска: Со ребалансот на Буџетот капиталните инвестиции се зголемуваат за 5,8 милијарди денари

    11.07.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.