- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Откако со денови објаснуваме дека постои договор „мигранти за пари“, конечно ДПМНЕ-ЗНАМ го признаа тоа, велат од СДСМ. „Не само што признаа, туку тоа го поставија и во форма на Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието. Во оваа контра Резолуција на ДПМНЕ нема јасна одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите. Во текстот на резолуцијата се вели следното: “Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Бутел за нивното децениско трпение, откако со години работеле во крајно несоодветни услови, опишани како „стандарди што се личат само не на зграда на полициска станица“. Изјавата на Мицкоски доаѓа по активностите за дислокација или затворање на старата полициска станица. Премиерот истакна дека на местото на старите бараки ќе се создаде „додадена вредност“ за Општина Бутел, која ќе вклучува: Мицкоски ја искористи приликата да им се заблагодари на сите вклучени во процесот – градоначалникот на Општина Бутел, министерот за внатрешни работи, министерот и заменикот од Министерството за социјална политика,…
Повеќе од десет години по прекинот, нафтоводот Солун-Скопје, сега наречен цевковод за производи, се очекува да се врати во употреба до крајот на оваа година, објави Радио Слободна Европа. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Владата ги спроведува сите чекори за негово активирање, вклучувајќи инспекции, тестови за притисок и усвојување на ценовникот. Цевководот ќе транспортира само преработени нафтени деривати (првенствено дизел гориво) од терминалите на грчката HELLENiQ Energy (поранешен „Хеленик Петролеум“) до рафинеријата ОКТА во Скопје. Цевководот е долг околу 213 километри со капацитет за транспорт на 2,5 милиони тони гориво годишно. Транспортот ќе чини 20 евра по тон, што при…
Според најновото соопштение на Полициската управа на Нов Јужен Велс, во нападот на плажата Бонди во Сиднеј загинале десет лица, а 18 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци. Полицијата информира дека еден од напаѓачите починал како резултат на повредите, а двајцата напаѓачи се неутрализирани. Сепак, јавноста строго треба да ја избегнува областа. Полицијата предупредува дека постои постојана закана од импровизирана експлозивна направа пронајдена во областа, на чие деактивирање интензивно се работи. Вкупно 18 лица добиваат медицинска помош во блиските болници. Опозиционерката Сусан Леј изрази сочувство и поддршка за еврејската заедница во Австралија, потенцирајќи дека нападот се случил додека заедницата…
Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, ноќеска (на 13 и 14 декември) извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово. При контролата, како што соопшти МВР, биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два угостителски објекти биле затекнати малолетници по 24:00 часот. -Во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот…
ОвенОгнената енергија на Марс во тригон со Нептун ви дава порив за нешто што ве исполнува духовно или креативно. Може да почувствувате силен импулс да направите чекор што го одложувавте, базиран на интуиција. Со влегувањето на Месечината во Шкорпија, фокусот се продлабочува, денес можете да се справите со сериозна задача што бара концентрација. Ваша сила е искрената насока од внатре. БикОвој ден ве поттикнува да се поврзете со длабоки мотиви и духовни потреби. Марс–Нептун аспектот ви носи инспирација за личен развој, учење или емоционално исцелување. Месечината во Шкорпија го става фокусот на партнерствата—нешто сериозно треба да се расчисти или разбере…
Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации, манипулации и дезинформации кои опозицијата ги изнесува во медиумскиот простор, ја свикавме оваа прес-конференција за да ја претставиме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, рече на денешната прес-конференција пратеникот Никола Мицевски. Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови,…
Енергетската заедница во својот Годишен извештај за 2025 година ја рангира Северна Македонија како земја со најголем реформски моментум во енергетиката, заедно со Србија и Молдавија. Иако претстојат предизвици во практичното спроведување на мрежните правила, се очекува целосното спроведување на ЕУ ниво до 2026 година да даде силен поттик за интеграцијата на регионалните пазари.
Во белгиската провинција Антверпен, неколку млади луѓе се хоспитализирани во последните недели, откако пушеле електронски цигари полнети со течност од „домашно производство“. Белгиските медиуми јавуваат дека дел од хоспитализираните се во „многу загрижувачка“ здравствена состојба, а еден од нив е сè уште во кома. Првичните анализи на крвта на хоспитализираните сугерираат дека течноста во е-цигарите можеби ја содржела психоактивната компонента на канабисот ТХЦ, но експертите предупредуваат на многу поголема опасност. Професорот Филип Лардон од Универзитетот во Антверпен објаснува дека во домашните е-течности често се мешаат лекови, марихуана и синтетички дроги познати како „спајс“. „Тие се познати и како „спајс“ и…
Вчера вечерта избувнал пожар во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, при што целосно бил опожарен магацин кој се користел за обработка на дрво дознава 24инфо. Благодарение на брзата и навремена интервенција на екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола и не се проширил на останатите објекти во комплексот. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за избувнување на пожарот. На терен интервенирале повеќе противпожарни екипи, кои се бореле со огнената стихија за да спречат поголема материјална штета. Очекуваме повеќе информации во текот на денот.
