- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Вчера (12.12.2025) во 13:00 часот во СВР Скопје М.Г.(18) пријавил дека на 10.12.2025 околу 12:00 часот во село Стајковци, скопско, во берберница бил физички нападнат од М.М. и Т.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 02:00 часот во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш.(24) И.И.(28), А.И.(27) и Ф.И.(24) сите од с.Боговиње, тетовско. По претходна пријава во СВР Тетово дека околу 01.00 часот на автопат Гостивар – Тетово во близина на клучка Камењане, додека А.А.(28) од с.Пирок се движел со патничко возило ,,бмв” со швајцарски национални ознаки во кое како совозач бил Р.Ј.(28) од с. Пирок, тетовско позади нив се движело патничко возило ,,пасат” со тетовски регистерски ознаки управувано од И.И. од с. Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации а потоа ги престигнал и им го пресекле патот.Од возилото излегле приведените лица кои физички ги нападнале А.А.…
Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од Здружението на новинари на Македонија по денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои…
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка. Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.
Вчера во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А.(53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид.
Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.В.(72) од с.Марино, скопско удрило во Д.С.(46) од с.Кадино, скопско кој бил паркиран со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки и во моментот бил надвор од возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение. Настанот беше објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презеде мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а исто така денес е извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле…
На 12/13.12.2025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пронајдоа и одзедоа единаесет рибарски мрежи со должина од околу 550 метри со улов од 537 парчиња риба Охридска Белвица со вкупна тежина од 55.7 килограми. Од 01.12.2025 година до 28.02.2026 година, на сила е Забраната за риболов, поради период за природен мрест на рибите и се однесува за сите риболовни зони во Охридското езеро поради што, контролните активности по Охридското езеро се интензивирани. Се преземаат мерки за утврдување на сопственоста на…
Вчера, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода ги лишија А.Х.(52), Р.Х.(49), Р.Е.(49) и Р.А.(20), сите од Корча, Република Албанија.Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот. По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Д.М. од Охрид, при извршување работи во куќен двор во охридското село Речица, пронашол рачна бомба. Од извршениот увид во присуство на овластено лице-пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било констатирано дека се работело за експлозивна направа рачна Бомба М75 по што, истата е безбедно подигната за натамошна постапка.
