Close Menu
Press24
    Најново

    Петмина повредени во сообраќајка на патот Студеничани-Зелениково

    26.11.2026 во 23:46

    Тошковски: Жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК

    26.11.2026 во 23:21

    Митева: Поздравувам дебата во Собранието за семејно насилство, но има една политичка хипокризија, се бара само за случувања во последните две години со што директно се навлегува во политика 

    26.11.2026 во 22:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петмина повредени во сообраќајка на патот Студеничани-Зелениково
    • Тошковски: Жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК
    • Митева: Поздравувам дебата во Собранието за семејно насилство, но има една политичка хипокризија, се бара само за случувања во последните две години со што директно се навлегува во политика 
    • Тошковски: Жал ми е што држава членка на ЕУ стана заштитник на криминалци, тоа говори за нив не за нас
    • Растот на населението во Велика Британија на најниско ниво од 1983 година
    • Мицкоски до Села: Во унитарна држава како нашата ако имате 61 пратеник имате легитимитет, потпалувачката реторика не е добра
    • Романија: За шест месеци продолжено ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи
    • ЈП Македонија пат: Можна појава на поситни одрони на одредени патишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Петмина повредени во сообраќајка на патот Студеничани-Зелениково

    26.11.2026 во 23:46

    Тошковски: Жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК

    26.11.2026 во 23:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.