Author: Author 04

Вознемирувачко видео од групна тепачка на ученици во дворот на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се шири на социјалните мрежи. Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, разменувајќи боксови и клоци. Особено загрижувачки е фактот што дел од присутните деца околу нив не преземаат ништо за да го спречат насилството, туку само гледаат и снимаат со своите мобилни телефони. Во моментот не е познато:

Повеќе

Вчера во 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со ОКП при БЈБ ги лишија од слобода М.М. (36) и 29 годишната К.М.,двајцата од Скопје. По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што се пронајдени и одземени амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат. За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено. Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони…

Повеќе

Според податоците на УХМР, утрово најстудено било на Попова Шапка со -4 степени, додека најтопло е во Гевгелија со 7 степени. Низ останатите градови, минималните утрински температури се движат околу нулата:Како што информира УХМР, -2 степена е во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп и Mаврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор и Виница, 1 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци, 2 во Тетово, како и 5 степени во Куманово. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови ќе има…

Повеќе

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е пуштена на условен отпуст и на почетокот на неделава го напушти Казнено-поправниот дом „Идризово“, каде што издржуваше затворска казна од 2021 година. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, за СДК.МК потврди дека Јанева е ослободена со услов. Јанева има обврска до истекот на целосната седумгодишна казна (која треба да трае до 2027 година) редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува сите пропишани услови. Во спротивно, судот може да ја врати назад во затвор. Јанева ја издржуваше затворската казна од седум години, која ѝ беше потврдена од Апелациониот суд…

Повеќе

Свети Андреј бил син на Јонин и брат на Петар, со потекло од Витсаида, по професија рибар.Отпрвин бил ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажал со прст кон Господ Исус велејќи: ете, јагнето Божјо!, тогаш свети Андреј го оставил својот прв учител и тргнал по Исус. Тогаш Андреј го донесе својот брат Петар кај Господа. По слегувањето на Светиот Дух, му паднало на првиот Христов апостол, Свети Андреј, да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во дунавските земји, потоа во Русија и околу Црното Море и на крајот во Епир, Грција и Пелопонез, каде што…

Повеќе

ОвенДенес конечно можете да разберете детали или информација што ве збунуваше последните денови. Меркур–Плутон ви ја зголемува способноста да поврзувате точки и да донесете цврста одлука врз основа на факти, не импулс. Ова е ден за истражување, продлабочување и зајакнување на план што сакате да го реализирате пред крајот на годината. БикОвој ден ве носи кон вистина што можеби ја игнориравте или не сте сакале да ја видите. Секстилот ви ја дава храброста да влезете подлабоко во финансиска тема, партнерска динамика или некоја практична дилема. Денес можете да донесете одлука што ви носи моќ, стабилност и јасна насока. Вашиот ум е…

Повеќе

Дека има план за примање мигранти во Македонија не откриваат само британските и светските медиуми, тоа се чита и од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното однесување во последните две недели, велат од СДСМ. „1. Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ја потпишат Резолуцијата. Само со една одлука на Собранието граѓаните може да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има. Но ВМРО-ДПМНЕ не ја потпишува. Едноставно е, ако нема скриена агенда за мигрантите, досега Резолуцијата ќе беше потпишана.   2. Изјавата на Мицкоски дека до пролет нема да има мигранти. Зошто само до пролет, а после? Значи мигранти до пролет…

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла, која во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.И во наредните денови се очекува претежно сончево и…

Повеќе

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес остро го критикуваше предупредувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија би можела да биде во позиција да го нападне Алијансата во рок од пет години, нарекувајќи го „неодговорно“. „Марк Руте даде некои неодговорни изјави, тврдејќи дека „ние“ сме следната цел на Русија, дека Русија би можела да биде подготвена да го нападне НАТО во рок од пет години и дека безбедноста на Украина е наша безбедност“, рече Сијарто на американската социјална мрежа X. Тој рече дека секој што сè уште се сомнева дали „здравиот разум целосно исчезнал“ во Брисел,…

Повеќе