Author: Author 04

СВР Велес поднесе известување против малолетник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.02.2026 во Неготино, полициски службеници во два наврати затекнале како малолетникот на улица фрла марихуана, амфетамин и дигитална вага, а на 27.03.2026 на влез пред основно училиште, полициски службеници извршиле преглед над малолетникот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и амфетамин.

Повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица се лишени од слобода и приведени во полициска станица На 04.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријавила дека на 03.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син С.Ѓ. и неговата сопруга, кои оштетиле и дел од покуќнината. На 04.05.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека на 02.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко З.Ѓ.. На 04.05.2026 во 07:05 часот во СВР Тетово, 30-годишна жена од Тетово…

Повеќе

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, денеска упати критики до градоначалникот на Скопје во врска со состојбата со комуналната хигиена во главниот град. Според него, градот е претворен во депонија, а ветените решенија се покажале како популизам. „Сликата на нашето Скопје денес не бара никакви политички анализи. Сликата на Скопје денес е одвратна, смрди на распаѓање, на неспособност и на евтин предизборен популизам. Скопје е претворено во депонија, контејнерите претекуваат, ѓубрето е расфрлано по улиците и тротоарите“, изјави Давчевски. Тој јавно го запраша градоначалникот каде исчезнало неговото клучно ветување дека Скопје ќе биде исчистено во рекорден рок. „Градоначалник,…

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, Р.Ш.(47) од с.Елово, скопско, пријави дека во комбе во с. Елово, околу 11:00 часот, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Н.Б. кој го возел комбето (организиран превоз за ученици), а наводно поради тоа што го валкал комбето.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од с.Одри, тетовско, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“. На 22.05.2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во с.Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата, а во с. Пршовце и во с.Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.

Повеќе

Вчера во 15:42 часот во СВР Скопје, Б.С.(68) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во дворот од куќата пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.K.Д.(27), С.М.П.(40), Т.С.Д.(44), тројцата од Непал, Р.К.(33) и J.A.(27), двајцата од Индија, сите со престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во пријавеното престојувалиште, пријавените неовластено држеле и одгледувале марихуана, која била пронајдена во текот на јуни 2025 година.

Повеќе

На 04/05.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.С.(22) и С.И.(35), двајцата од Скопје, Ф.И.(18) од с.Петровец, скопско и С.Б.(35) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случаите против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.    

Повеќе

Романскиот парламент денеска изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Илие Боложан, со што се стави крај на мандатот на досегашната проевропска коалиција. За соборување на владата гласаа вкупно 281 пратеник, одлука која во собраниската сала беше дочекана со силен аплауз. По гласањето, Боложан веднаш ја напушти зградата на парламентот, а земјата сега се соочува со потенцијален повеќенеделен застој во формирањето на нов кабинет. Во своето последно обраќање пред пратениците, Боложан упати остри критики кон предлогот за негова смена, нарекувајќи го политички маневар. „Изгледа како да е напишан од луѓе кои не биле во владата секој ден и не учествувале…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни тројцата полицајци од Кочани обвинети за злоупотреба на службената положба. На Кире Богатинов и Горан Лазаров им е изречена условна казна затвор од една година, додека командирот на ПС Кочани, Александар Темелков, е осуден на условна казна од две години, која нема да се изврши доколку во период од четири години не стори ново дело. Судијката Лидија Петровска во образложението на пресудата истакна дека судот ги зел предвид олеснителните околности, но нагласи дека суштината на нивната должност изостанала. „Обвинетите своите службени должности ги извршиле само привидно. Формата била запазена, но суштината изостанала.…

Повеќе