Author: Author 04

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден и комичен момент додека разговараше со новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. Додека Трамп стоеше пред вратата на тоалетот, обраќајќи му се на некого надвор од кадарот, вратата наеднаш се отвори и го удри. Неговата изненадена реакција, „О, здраво, има некој таму“, беше проследена со брзо затворање на вратата од лицето внатре. Претседателот потоа двапати затропа и повика: „Ајде, излези“. Лицето во тоалетот, искористувајќи го моментот кога Трамп се сврте кон новинарите, успеа да се протне и да помине незабележано зад него. Целата ситуација предизвика смеа кај новинарите, а на видеото се гледа…

Повеќе

МВР информира дека денеска, во раните утрински часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата се лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), Ф.С.(42), Ќ.С.(44), Б.А.(40), С.Д.(37), Ф.Д.(35), Н.А.(59), Р.К.(27), Н.Л.(44), А.К.(35), З.М.(61) и Р.С.(27) за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или…

Повеќе

Ноќеска во 00:35 часот во СВР Штип – ОВР Кочани е пријавено дека во патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки на регионалниот пат Кочани–Пониква во бессознание и без повреди е пронајден Г.А.(46) од Кочани. Тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ денес во Берлин потпиша потврда за нарачка за испорака на 44 тенкови Леопард 2А8, а договорот е вреден милијарда и 300 милиони евра. Договорот беше потпишан како дел од посетата на хрватската делегација на Германија, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ. Хрватска набавува германски тенкови ЛеопардВо хрватската амбасада, вицепремиерот и министер за одбрана Анушиќ потпиша дополнителен договор со компанијата KNDS Deutschland за испорака на симулатори и опрема, како и договор за обезбедување продолжени гарантни услуги за тенкови Леопард 2А8. Хрватска набавува 44 германски борбени тенкови Леопард 2А8 со три симулатори, резервни делови и…

Повеќе

Цел ден нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја потпишат Резолуцијата за одбрана на Македонија од мигрантите, велат од СДСМ. „Мицкоски имаше изјава денеска ама вртеше во круг, нема одговор. Го нема ниту ВМРО-ДПМНЕ да одговори. Цел ден ги чекаме. СДСМ повторно ги прашува, прашањето е едноставно. Одговорете: Ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не?Работата не е завршена“, стои во соопштението од СДСМ.

Повеќе

Сперма од донатор со ген што предизвикува рак била искористена за да се родат речиси 200 деца, објавија денес британските медиуми. Според истрагата на Би-Би-Си, која е еден од медиумите вклучени во проектот, сперма со генетска мутација била искористена и во Србија и во Македонија. Донарот на сперма имал генетска мутација Донарот кој не бил свесен дека носи генетска мутација што драматично го зголемува ризикот од рак станал татко на најмалку 197 деца низ Европа, открива истрагата, објавува Би-Би-Си. Некои од децата веќе починале, а само малцинство од оние што ја наследиле мутацијата нема да ја развијат малигната болест во…

Повеќе

37-годишник од скопско Марино ќе одговара за обид за убиство на родениот брат. Го претепал со дрвена ногарка по глава, а ниту се обидел да му помогне додека тој лежел во локва крв. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице, за кое од доказите произлегува основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19, односно извршено во обид, информираа од Јавното обвинителство. Обвинетиот 37-годишник, при вршење семејно насилство во семејниот дом во Марино, со умисла се обидел да го лиши од живот…

Повеќе

Имајќи ги предвид геополитичките тенденции и случувања, потребно е процесот на проширување на Европската унија да продолжи и Македонија да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ, оценија на денешната средба потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер. На средбата, како што информира собраниската прес-служба, се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката меѓу двете држави и за приближувањето на земјата кон членство во ЕУ. Потпретседателот Милошоски ги поздрави традиционално добрите и пријателски односи меѓу РС Македонија и Француската Република при што нагласи дека меѓу двете држави постои отворен и конструктивен дијалог…

Повеќе

„При секое планирање на државниот буџет мора да се има предвид родовата димензија, ако сакаме да бидеме просперитетни“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на отворањето на меѓународниот форум „Одиме Глокално 2.0: Одржлива родово одговорна иднина“, што денеска и утре се одржува во Скопје. За неа, родово одговорното буџетирање е трансформативен инструмент, како системска промена на начинот на којшто државата ги гледа, ги разбира и ги решава општествените потреби. Претседателката истакна дека родовата еднаквост и климатската отпорност се темел на иднината, а одржливите решенија за овие предизвици ќе бидaт од суштинско значење за владите, како и за општествата во целиот регион. Таа…

Повеќе

Во само девет дена, полициските службеници низ државата изрекоа повеќе од 6.000 казни за сообраќајни прекршоци. Засилените контроли, како што соопшти МВР, покажале дека најголем дел од возачите и понатаму ја потценуваат брзината дури 1.573 возеле побрзо од дозволеното. Полицијата морала да интервенира и со приведување. Согласно член 297-а од Кривичниот законик, 44 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување. Меѓу нив, убедливо најбројни 33, се оние кои седнале зад волан под дејство на алкохол. Има и двајца кои возеле во забранет правец, како и девет возачи кои целосно ја игнорирале брзината во населени и ненаселени места. Контролите откриле…

Повеќе