Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски сфати дека мора да го апси Груевски за да си ја обезбеди власта

    СДСМ: Мицкоски сфати дека мора да го апси Груевски за да си ја обезбеди власта

    04.05.2026 во 09:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта, се нацедува во соопштението од СДСМ.

    „Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како „човек кој е за ЕУ“.

    Се разбира, тоа е само маска. 

    Целта е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена кражба.

    Мицкоски ги исчисти сите потпретседатели во партијата, чувајќи ја фотелјата за Груевски. 

    Сè уште не му ги заврши поништувањата на судските процеси, а сега гледа можност од позицијата на „чувар на фотелјата“ да ја преземе целосната власт во партијата.

    Веќе не му е ниту Николоски пречка, против него води кампања цело време.

    Мицкоски не го апси Груевски затоа што сака правда. Тој сака го апси за да ја обезбеди својата власт и да ја продолжи кражбата.

    Граѓаните кои сè уште му веруват треба да знаат: Мицкоски не е нивен заштитник. Тој е човекот кој е подготвен да го жртвува и Груевски за да ја задржи фотелјата.

    Најголемиот предавник во Македонија е Мицкоски. 

    Ги предаде своите гласачи ветувајќи укинување на Преспанскиот Договор, враќање на името, сега ќе го жртвува својот политички татко Груевски и на крај ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

    Мицкоски и оваа криминална група работат по примерот на најголемиот пропагандист на дваесеттиот век Гебелс, кој рекол: „Обвини го противникот за она што самиот го правиш.“

    Ова служи за да се создаде конфузија, да се збуни јавноста и да се префрли вината пред да се открие вистинската намера.

    Вториот дел од учењето на Гебелс, кој Мицкоски го спроведува преку Орбановите медиуми, е ширење дезинформации и страшна поделба на граѓаните предизвикана од омраза преку медиумска пропаганда.

    Целта на пропагандата што ја водат не е само да се верува во лагата, туку да се уништи способноста на луѓето да ја разликуваат вистината.

    Доаѓа времето на вистината!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.