Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: МЕПСО и Латифи склучиле два договора во ист ден со фирма блиска до Додик

    ДУИ: МЕПСО и Латифи склучиле два договора во ист ден со фирма блиска до Додик

    04.05.2026 во 09:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим Латифи и државното претпријатие МЕПСО не застанале само на еден договор, туку го продлабочиле соработувањето со компанијата „Елнос БЛ“ од Република Српска, блиска до Милорад Додик.

    „Бурим Латифи и МЕПСО, во истиот ден, склучиле не еден, туку два договори со оваа компанија, што отвора сериозни прашања за начинот и транспарентноста на оваа соработка.

    ДУИ бара од Латифи јавно и транспарентно да ја објави првичната одлука на надлежниот орган, преку која претпријатието изгубило повеќемилионски спор на штета на државата.

    Во досегашните комуникации на МЕПСО и субјектот ВЛЕН, никогаш не е негирана поврзаноста што компаниите дел од конзорциумот „Елнос БЛ“ и „Кодар Електромонтажа“ ја имаат со лица како Милорад Додик и Александар Вучиќ.

    Како одбрана, тие нагласуваат дека новиот тендер е добиен од конзорциум предводен од хрватската компанија „Далековод“, позната по своето меѓународно искуство и работење според најстрогите европски стандарди.

    Сепак, во нивните образложенија останува нејасно зошто нема никаков осврт на улогата на другите две компании во овој конзорциум или дали молкот е намерен за да се избегне вистината.

    Ова е петти ден како Бурим Латифи молчи и не се изјаснува зошто неговите договори со компанијата од Република Српска довеле до штета од 6 милиони евра. Надлежното обвинителство во земјата треба да го истражи секој детал. Станува збор за милионски суми што паѓаат на товар на граѓаните“, велат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.