Close Menu
Press24
    Најново

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24

    Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

    10.06.2026 во 19:52

    Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 19:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства
    • Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС
    • Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лие крокодилски солзи, глумејќи грижа за државата и граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лие крокодилски солзи, глумејќи грижа за државата и граѓаните

    05.05.2026 во 16:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Венко Филипче се врати во Скопје и пак во улога на партиски портпарол лие крокодилски солзи, глумејќи грижа за државата и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Истиот тој Филипче, кој беше дел од владата на Зоран Заев, кој ја опљачка државата, ги осиромаши граѓаните, ги уништи институциите, ја опустоши економијата, го уништи стандардот на граѓаните, така што пола милион граѓани ги донесоа на просјачки стап со по 150 денари на ден и со одвај по еден оброк дневно.

    А, Венко Филипче, како министер за здравство во таа влада на Заев, е посебна приказна. Во корона периодот, кога требаше да покаже вистинска грижа за граѓаните и државата, тој мислеше само како да намести тендери за некој процент плус да му заврши во неговиот длабок џеб.

    Така, наместо здравјето на граѓаните да му е приоритет, тој избра да биде главен тендераш, лично подготвувајќи ја тендерската спецификација за модуларните болници, каде во Тетово животите ги загубија 14 македонски граѓани, поради лошите стандарди и неквалитетни материјали, за Филипче да ќари 20% од проектот.

    Исто е со приватизацијата на стерилизацијата, обидите за набавка за ковид вакцини по цена дупло повисока од пазарната, и тоа од компанија што се занимава со продажба на овошје, како желбата да ја купи приватната клиника Жан Митрев по багателна цена.

    А за криминалот и пљачката на енергетскиот сектор, јасно зборува луксузниот џип Ауди Q8, кој Филипче го доби подарок од фирмата која добила милионски тендери за набавка на јаглен за потребите на ЕСМ.

    Тоа што Филипче и СДС направија евроинтеграцијата на државата е само срамната слика во авионот на владина свита, лажејќи ја македонската јавност дека ги отвориле преговорите се ЕУ, додека од друга страна најверни другари им беа прорускиот криминалец Онишченко, кому му доделија македонско државјанство, белорускиот конзул Борче Марковски, кому му доделиле 77 државни тендери од кои 66 во вредност од 141 милион евра беа од ЕСМ, како и прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, за кој Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваше ДУП во Тетово, за да му овозможи изградба на 2.000 станбени единици вредни 200 милиони евра.

    СДС е партијата која ја остави државата со висок јавен долг и економска нестабилност, а денес Филипче лицемерно зборува за финансиска дисциплина и бара воведување на некакви нивни предлог мерки. Го потсетува дека токму нивните штетни политики доведоа до енергетска криза, инфлација, сиромаштија и нарушена бизнис клима.

    Владата предводена од Христијан Мицкоски спроведува одговорни и одржливи мерки за заштита на стандардот на граѓаните, без да го загрози буџетот и финансиската стабилност.

    Во однос на евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во ЕУ, но без прифаќање на штетни и понижувачки отстапки на штета на националните интереси.

    За разлика од предавничката СДС, ние се залагаме за достоинствен и рамноправен европски пат“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24

    Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

    10.06.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.