Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска најави задолжителни дежурства за наставниците: Наместо пари за обезбедување, децата ќе ги воспитува кадарот

    Јаневска најави задолжителни дежурства за наставниците: Наместо пари за обезбедување, децата ќе ги воспитува кадарот

    05.05.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави нови мерки за зајакнување на безбедноста во училиштата, со посебен фокус на враќање на дежурствата на наставниот кадар во училишните простории и дворови.

    Јаневска посочи дека иако некои училишта веќе ја применуваат оваа пракса, таа наскоро ќе стане задолжителна за сите, со цел подобра контрола и воспитување на учениците.

    „Подготвивме неколку прирачници и упатства кои се дистрибуирани до самите училишта и до општините. Вчера веќе најавив дека ќе бидат задолжителни дежурствата на наставниците во училиштата – како во ходниците, така и во училишниот двор. Факт е дека тоа во некои училишта постои, но во голем број училишта сè уште не постои“, изјави министерката во Аеродром.

    Според неа, ангажирањето на приватно обезбедување кое чини милиони денари не го дава посакуваниот воспитен ефект, за разлика од директниот ангажман на наставниците.

    „Во минатото, наставниците го правеа тоа и имаше подобро воспитување на децата, отколку да ги трошиме парите на некој кој не е вклучен во образовниот процес. Тие што се вклучени во образовниот процес – наставниците, стручната служба, но секако и родителите – треба да помогнат во воспитувањето на децата“, нагласи Јаневска.

    Министерката упати и апел до родителите за поголема соработка со училишниот кадар, посочувајќи дека авторитетот на наставникот мора да се почитува за да се постигне безбедна средина.

    „Дел од родителите, свесно или несвесно, не ги прифаќаат сугестиите на наставниците. Се докажува дека тоа е погрешно – малку повеќе почит кон наставниците и полека ќе се средат работите“, заклучи таа.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.