Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелковска: За Мицкоски тепањето жена е „мал престап“, Тошковски мора да поднесе оставка

    Ангелковска: За Мицкоски тепањето жена е „мал престап“, Тошковски мора да поднесе оставка

    07.05.2026 во 10:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Форумот на жени на СДСМ преку прес-конференција упатија жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, квалификувајќи ја неговата последна изјава како скандалозна заштита на насилството врз жените. Розалија Ангелковска истакна дека минимизирањето на бруталното претепување на жена од страна на неговиот бодигард е поразителна порака до жртвите.

    „Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е ‘мал престап и системот функционира’ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се ‘мал престап’. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата“, обвинуваат од СДСМ.

    Според партијата, ваквиот став претставува директна заштита и за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Од СДСМ посочуваат дека додека власта зборува за безбедност, државата тоне во насилство и неказнивост за блиските луѓе до функционерите.

    Во соопштението се потсетува на низа трагични случаи во Велес, Кочани и Старо Нагоричане, каде институциите не реагирале соодветно на пријавите за насилство.

    „По сите овие скандали, по целосниот распад на безбедносниот систем и по срамната изјава на Мицкоски, Панче Тошковски нема никаков кредибилитет да остане министер. Оставка од Тошковски веднаш!“, порача Ангелковска.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.