Author: Author 04

Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, одредени населени места во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека прекинот започнува од 9 часот. Корисниците кои ќе бидат засегнати од овој прекин се: Според најавите, електричната енергија се очекува да биде повторно вклучена во 15 часот.

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, но во утринските часови е забележана намалена видливост поради магла на одредени патни правци. Според информациите од „Македонија пат“, намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија. На патните правци кои минуваат низ клисури и усеци, можни се поситни одрони, поради што се апелира на зголемена внимателност. Од „Македонија пат“ упатуваат апел до возачите: „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Што се однесува…

Повеќе

Денешниот ден ќе биде одбележан со сончево време и мала до умерена облачност, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, во утринските часови на одредени места се очекува појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 0 степени Целзиусови, додека дневната максимална температура ќе достигне меѓу 9 и 13 степени. Во главниот град, претпладне се очекува појава на магла во делови од котлината. Во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната…

Повеќе

Земјотресот со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван во Скопје и околината утрово во 07 часот и 20 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

Повеќе

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Стафа е осомничен за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Притворот е определен на предлог на ОЈОГОКК, поради постоење опасност од бегство и можност Стафа да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата. Според Обвинителството, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра. Со парите требало да посредува и да го искористи своето влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор на лице…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека СДСМ е подготвена да ја продолжи политичката борба на избори, затоа што состојбата во државата и прашањата што се отвораат директно ја засегаат иднината на граѓаните. Филипче оцени дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ја крие блискоста со актуелните власти во Србија и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посочувајќи дека токму тие политички врски се клучни за опстанокот на премиерот Христијан Мицкоски. „Тие две земји, Унгарија има избори напролет, некаде Вучиќ најави во Србија во следните шест месеци, така што избори…

Повеќе

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли како „неточни и небулозни“ тврдењата дека државниот трезор ќе биде затворен на 15 декември поради недостаток на средства. Мицкоски појасни дека станува збор за исклучиво организациска мерка со која институциите се повикуваат навреме да ја доставуваат потребната документација, со цел да се прекине досегашната пракса на завршување на обврските во последен момент. „На 15 декември не се затвора трезорот… Ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази задоволство од резултатите на тест-периодот на „Безбеден град“, истакнувајќи дека граѓаните во Скопје ја намалиле брзината, што довело до намалување на сообраќајните незгоди и смртните последици. Министерот нагласи дека целта на проектот е исклучиво спасување човечки животи, поткрепувајќи го со статистиката за преживување при различни брзини (на пр., 8 од 10 преживуваат при судар со 30 км/ч, наспроти речиси нула при 60 км/ч). За да се надминат почетните проблеми, Тошковски најави отворање на физички пункт во МВР/МТВ и креирање на интернет страница и мобилна апликација каде граѓаните ќе можат да ги пријават сите…

Повеќе

Денеска (14.12.2025) во периодот од 00:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во додејство со Управа са јавни приходи и Државна пазарна инспекција извршиле акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Гостивар. При контролата, во угостителски објект на ул.,,Живко Брајковски” во Гостивар затекнати се три 17 – годишни малолетнички после 24:00 часот, кои се предадени на нивните родители. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе следува соодветен поднесок за присуство на малолетноци во објектот после 24 часот, додека од страна на другите органи ќе бидат преземени соодветни мерки во рамки на нивните надлежности.

Повеќе