Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нова трагедија ја потресе Македонија – загина возач на товарно возило
    • Утринските близу нулата – УХМР со најнова прогноза за цела недела
    • Минчев го промовираше Практичниот водич за комуникација со лица со оштетен слух: Институциите достапни за сите граѓани
    • Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
    • Нови сообраќајни правила во и ЕУ
    • Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“
    • Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Петрушевски: Филипче доживува дебакл
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН воведува дежурства за наставниците: Поголем надзор во училиштата по насилството во Ѓорче Петров

    МОН воведува дежурства за наставниците: Поголем надзор во училиштата по насилството во Ѓорче Петров

    04.05.2026 во 15:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука (МОН) најави засилени безбедносни мерки и поголем надзор во училиштата како одговор на неодамнешниот случај на врсничко насилство во општина Ѓорче Петров. Главната новина е враќањето на обврската за дежурства на наставниците за време на одморите.

    Министерката Весна Јаневска информираше дека веќе се испратени дописи до сите градоначалници и училишта. Наместо ученици, во ходниците и дворовите сега ќе мора да дежураат наставници.

    Целта на оваа мерка е наставниот кадар активно да ги следи случувањата во училишните простори и навремено да спречува евентуални инциденти меѓу учениците.

    „Тоа што се случило надвор од училиштето не е оправдување. Тоа се ученици на одредено училиште и наставниците мора да имаат увид во тоа како се однесуваат нивните ученици, затоа што тоа е воспитно-образовен процес“, изјави министерката Јаневска.

    Дополнително, дежурните наставници ќе мора да бидат на видно место, со цел Државниот просветен инспекторат да може полесно да врши контроли и да го констатира нивното присуство.

    Јаневска потсети дека сите вклучени страни во образовниот процес мора строго да ги почитуваат законските прописи и прирачниците за справување со насилство.

    „Градоначалникот, директорот и наставниците треба да си ги спроведат своите обврски така како што е пропишано. МОН го прави тоа што треба да го направи“, децидна е министерката.

    Прочитај повеќе

    Нова трагедија ја потресе Македонија – загина возач на товарно возило

    28.09.2026 во 14:39

    Утринските близу нулата – УХМР со најнова прогноза за цела недела

    28.09.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.