Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Француска сенаторска делегација во посета на македонското Собрание
    • Тошковски во Охрид: Новите безбедносни ризици и предизвици во фокус
    • Јаневска во Охрид: Фокус на безбедноста, паметните технологии и предизвиците на иднината
    • Времето нагло се менува: Подгответе се за поројни дождови
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потресно сведочење за пожарот во „Пулс“: Температурата достигнала до 700 степени, како во крематориум

    Потресно сведочење за пожарот во „Пулс“: Температурата достигнала до 700 степени, како во крематориум

    04.05.2026 во 15:532 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со сведочење на д-р Александар Станков, вештак од Институтот за судска медицина, денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Вештакот изнесе шокантни детали за условите во објектот кои предизвикаа вознемиреност и солзи кај семејствата на жртвите во судницата.

    Според неговите наоди, во моментот на пожарот температурата во внатрешноста била екстремно висока.

    „Тоа е температура приближно за крематориум“, одговори Станков на прашање на обвинителката за амбиенталните услови во моментот на трагедијата.

    Вештакот појасни дека доминантна причина за смртта кај најголем дел од настраданите е труењето со јаглероден моноксид, кој многу брзо го исполнува затворениот простор. Тој ги отфрли тезите дека други фактори биле пресудни.

    „Јаглеродниот моноксид е најчест токсичен отров кој се јавува во запалени затворени простории. Тој многу брзо ја исполнува просторијата… Јаглеродниот моноксид е главниот причинител за задушување и труење. Во вакви случаи има вдишување на топол воздух, вдишување на чад и вдишување на цијанид. Тие само го потпомогнале задушувањето од јаглеродниот моноксид“, изјави Станков.

    На прашањето дали брзата лекарска интервенција со кислород можела да спаси животи, Станков беше дециден дека при такви услови тоа не би помогнало.

    „Примената на кислородот не би дала никакви резултати“, посочи тој.

    Според обдукциските протоколи, најголем дел од лицата починале од насилна смрт како последица на труење. Кај четири лица смртта настапила од притисок врз градниот кош, додека кај три жртви причина била недостаток на кислород во околината.

    Прочитај повеќе

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59

    Тинејџер ја натепал баба му

    23.09.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.