Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски веќе најавува заострување на односите со Бугарија

    СДСМ: Мицкоски веќе најавува заострување на односите со Бугарија

    04.05.2026 во 16:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се уште не е ниту формирана новата влада во Бугарија, а Христијан Мицкоски веќе има најавува заострување на климата меѓу двете земји. Ако ова го очекува и јавно го најавува, тогаш не мораме да чекаме јуни, нека каже веднаш: нема ништо од ЕУ интеграциите. Со ваква политика не можеме ниту нормални добрососедски односи да имаме, стои во соопштението на СДСМ.

    „И не само што вели дека односите нема да бидат подобри, туку отворено најавува дека ќе се заострат.

    Тоа значи дека тој самиот, како што правеше и досега, активно ќе работи на продлабочување на кризата, што токму го прави со оваа изјава. Кампањата за предизвикување конфликт со Бугарија ја започна.

    Како што одамна рековме: Мицкоски не сака да продолжи со ЕУ интеграциите, бидејќи не може да продолжи со криминалот и корупцијата. Тој е на власт, а ја обвинува опозицијата за лошите односи.

    СДСМ инсистира на продолжување на европскиот пат.

    Внесувањето на правата на националните малцинства не е бугарско прашање, туку основен услов на Европската Унија.

    ЕУ јасно кажа дека без исполнување на тој услов нема продолжување на преговорите.

    Тогаш е бесмислено да се зборува за останатите точки од реформскиот план, бидејќи сето тоа е недостижно – основните две точки, а да не ги спомнуваме другите, бидејќи Мицкоски правосудството (како приоритет) целосно го приватизира, а слободата на медиуми со сопственикот Орбан не можеме ни да ја очекуваме.

    Македонија заслужува подобра иднина, а Европа нема алтернатива. Оваа криминална организација мора да одговара за сè што ѝ го прави на овој народ.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.