- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
Author: Author 04
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај од 11:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Фреквенцијата на сообраќај на патните правци надвор од градовите е умерена.На македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска е активна до 15.03.2026 година.
Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикувам да го проследиме видеото во кое целата македонска јавност ќе се увери како Заев сакаше да гради мигрантски кампови, а потоа и самиот се нудел да ги вдоми мигрантите, Филипче за ова не се противел, рече Петрушевски. https://www.youtube.com/watch?v=Fa5Cfi-00Hs Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото, јасно е кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против истото. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава…
Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил фирмата да заработи над 90.000 евра, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски како министер во МВР, имал добиено официјален извештај со констатирани неправилности, тој молчел и не го одземал овластувањето, со што директно ја злоупотребил службената положба. Инаку, на истиот овој технички центар, поминал технички преглед и автобусот на „Беса Транс’’, кој се запали во Бугарија и наши 45 сограѓани загинаа. Доколку, Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби би била и спречена. Исто така, Оливер Спасовски треба да…
Јавното обвинителство соопшти дека е завршена обдукцијата на 53-годишната жена, Х.А., чие тело беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино. Првичниот наод потврдува дека жртвата била убиена со огнено оружје. Истрагата за случајот е проширена и интензивирана, при што се преземаат следните чекори: Во тек е вештачење на трагите подигнати од неколку локации. Паралелно се вршат претреси и други истражни дејствија. Краткотрајниот притвор за главниот осомничен, С.М. (53) од истото село, е продолжен за уште 48 часа.Јавниот обвинител до надлежниот суд предложил определување 48-часовен притвор и за сопругата на осомничениот, којашто вчера беше задржана во полициска станица. Жртвата…
Вознемирувачко видео од групна тепачка на ученици во дворот на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се шири на социјалните мрежи. Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, разменувајќи боксови и клоци. Особено загрижувачки е фактот што дел од присутните деца околу нив не преземаат ништо за да го спречат насилството, туку само гледаат и снимаат со своите мобилни телефони. Во моментот не е познато:
Вчера во 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со ОКП при БЈБ ги лишија од слобода М.М. (36) и 29 годишната К.М.,двајцата од Скопје. По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што се пронајдени и одземени амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат. За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено. Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони…
Според податоците на УХМР, утрово најстудено било на Попова Шапка со -4 степени, додека најтопло е во Гевгелија со 7 степени. Низ останатите градови, минималните утрински температури се движат околу нулата:Како што информира УХМР, -2 степена е во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп и Mаврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор и Виница, 1 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци, 2 во Тетово, како и 5 степени во Куманово. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови ќе има…
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е пуштена на условен отпуст и на почетокот на неделава го напушти Казнено-поправниот дом „Идризово“, каде што издржуваше затворска казна од 2021 година. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, за СДК.МК потврди дека Јанева е ослободена со услов. Јанева има обврска до истекот на целосната седумгодишна казна (која треба да трае до 2027 година) редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува сите пропишани услови. Во спротивно, судот може да ја врати назад во затвор. Јанева ја издржуваше затворската казна од седум години, која ѝ беше потврдена од Апелациониот суд…
Свети Андреј бил син на Јонин и брат на Петар, со потекло од Витсаида, по професија рибар.Отпрвин бил ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажал со прст кон Господ Исус велејќи: ете, јагнето Божјо!, тогаш свети Андреј го оставил својот прв учител и тргнал по Исус. Тогаш Андреј го донесе својот брат Петар кај Господа. По слегувањето на Светиот Дух, му паднало на првиот Христов апостол, Свети Андреј, да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во дунавските земји, потоа во Русија и околу Црното Море и на крајот во Епир, Грција и Пелопонез, каде што…
