Author: Author 04

Навид Акрам (24), еден од осомничените за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, се разбуди од кома и во моментов е подложен на испрашување од страна на полицијата. Навид и неговиот татко Саџид Акрам (50) се обвинети за убиство на 15 лица кои ја прославувале Ханука на плажата во неделата, во најсмртоносното масовно пукање во Австралија во последните 30 години. Таткото, Саџид, почина на местото на настанот откако бил застрелан од полицијата додека се криел на пешачки мост со својот син. И покрај тоа што бил повеќепати застрелан од „храбрите полицајци“, Навид бил итно префрлен во болница, каде што…

Повеќе

Австралиските и филипинските власти интензивно ги реконструираат последните движења на Саџид и Навид Акрам, татко и син кои го извршија терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Во нападот загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени. Истрагата се фокусира на нивниот едномесечен престој на Филипините непосредно пред трагедијата. Имиграциската служба во Манила потврди дека двајцата отпатувале од Австралија на 1 ноември и останале на Филипините до 28 ноември. Последната локација на нивното патување бил градот Давао, кој се наоѓа на југоистокот од островот Минданао. Овој регион со години е познат по активноста на исламистички милитантни групи. Иако засега нема…

Повеќе

Едно дете (10) беше убиено, а уште четири лица беа повредени кога матурант од училиште во Московскиот регион пристигна вооружен утрово и почна да боде луѓе! 15-годишен тинејџер со нож нападнал обезбедувач и четири ученици во училиштето, а ученик од 4-то одделение им подлегнал на повредите. Хоророт се случил во основно училиште во селото Горки-2 во Одинцовскиот округ на градот, а според некои медиумски извештаи, се сомнева дека напаѓачот донел и експлозиви во училиштето. 15-годишното момче наводно е ученик во 9-то одделение во училиштето каде што го извршил нападот. Некои медиуми известуваат дека дошол во училиште со балаклава на главата,…

Повеќе

Најмалку седум лица го загубија животот при пад на мал авион во централно Мексико, додека уште три лица се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, пренесува ДПА. Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром. Авионот, од типот „Cessna Citation“, полетал од туристичкиот град Акапулко на Тихиот Океан и се упатил кон Толука, информира Министерството за транспорт. Според медиумските извештаи, во авионот имало вкупно десет лица – двајца членови на екипажот и осум патници, меѓу кои и три деца. Трагедијата е проследена со драматични детали од комуникацијата. Во последната комуникација со контролата…

Повеќе

Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен М.А.(44) од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината. Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, како и на Кеј „13-ти Ноември“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредите се наменети исклучиво за индикативни мерења и претставуваат значајна алатка за поддршка на инспекциските служби. „Овие мерни единици не препознаваат…

Повеќе

Најниската утринска температура денеска изнесува -6 степени Целзиусови, измерена во Скопје (Петровец), Битола и Берово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Студено утро е регистрирано и во Струмица и Демир Капија со -5 степени. Во Штип, Велес, Куманово и Тетово се измерени -4 степени, а во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп -3 степени. Пониски температури се забележани и во Крива Паланка со -2, додека во Охрид, Маврови Анови и Претор температурата изнесува -1 степен. Најтопло утро имало во Попова Шапка и Крушево со три степени, и 0 во Виница. Што се однесува до дневната прогноза, УХМР најавува дека во…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека ќе биде познат составот на новото партиско раководство, откако на почетокот на декември целото досегашно раководство поднесе оставка на негово барање, освен самиот лидер. Новите раководни лица се очекува да бидат потврдени на денешната седница на Централниот одбор на партијата. Во интервју за „360 степени“ на МРТ синоќа, Филипче информираше дека списокот со лицата кои ќе влезат во новиот партиски врв е готов, потенцирајќи дека станува збор за комбинација на „искусни и млади луѓе“. Лидерот на СДСМ откри и дел од имињата. Позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ, а…

Повеќе

Во СДС ништо не се менува. СДС под раководство на Венко Филипче останува заложник на бизнис интересите на кланот Заеви. Филипче е воодушевен од неговиот ментор Заев и не пропушта можност тоа јавно да го истакне. Филипче е само продолжена маша на Заев во обид да го заштити криминалот на кланот Заеви, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа членовите на партијата го знаат и токму затоа Филипче има тешкотии да креира тим. Никој не сака да биде дел од високите органи на СДС под раководство на Филипче. Во СДС постои криза поради недоверба во лидерството на Филипче. Во СДС…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намали за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,248 ден/кг и сега изнесува 32,635 ден/кг. Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените…

Повеќе