Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обид за грабеж се претвори во заложничка драма: Германскиот град Зинциг е под полициска опсада

    Обид за грабеж се претвори во заложничка драма: Германскиот град Зинциг е под полициска опсада

    08.05.2026 во 14:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германскиот град Зинциг од утринава е во центарот на заложничка криза во филијала на „Фолксбанк“. Специјални полициски единици го опколија објектот, а над градот патролираат хеликоптери во обид да се стави ситуацијата под контрола.

    Според информациите на германски „Билд“, драмата започнала околу 9 часот утрово, по што целиот центар на градот е блокиран и ограден од полициските сили.

    Инцидентот започнал во моментот кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Кога еден од вработените излегол од оклопниот камион, бил пресретнат од непознат маж кој му се заканил, по што започнала кризата.

    Портпаролот на локалната полиција информираше за првичните претпоставки од теренот.

    „Се верува дека во банката има неколку напаѓачи и заложници, а меѓу заложниците наводно е и возачот на оклопно возило за транспорт на пари. Според достапните информации, киднаперот и еден вработен се во трезорот на банката“, изјави портпаролот.

    Засега нема официјални потврди за бројот на луѓе во банката ниту дали напаѓачите се вооружени. Полицијата апелираше до граѓаните да останат мирни и да не шират гласини.

    „Полицијата ги повика граѓаните да не шират непроверени информации и гласини на социјалните мрежи. Полицијата тврди дека засега нема опасност за жителите надвор од блокираната област“, пренесуваат медиумите.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.