Author: Author 04

Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации, манипулации и дезинформации кои опозицијата ги изнесува во медиумскиот простор, ја свикавме оваа прес-конференција за да ја претставиме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, рече на денешната прес-конференција пратеникот Никола Мицевски. Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови,…

Повеќе

Енергетската заедница во својот Годишен извештај за 2025 година ја рангира Северна Македонија како земја со најголем реформски моментум во енергетиката, заедно со Србија и Молдавија. Иако претстојат предизвици во практичното спроведување на мрежните правила, се очекува целосното спроведување на ЕУ ниво до 2026 година да даде силен поттик за интеграцијата на регионалните пазари.

Повеќе

Во белгиската провинција Антверпен, неколку млади луѓе се хоспитализирани во последните недели, откако пушеле електронски цигари полнети со течност од „домашно производство“. Белгиските медиуми јавуваат дека дел од хоспитализираните се во „многу загрижувачка“ здравствена состојба, а еден од нив е сè уште во кома. Првичните анализи на крвта на хоспитализираните сугерираат дека течноста во е-цигарите можеби ја содржела психоактивната компонента на канабисот ТХЦ, но експертите предупредуваат на многу поголема опасност. Професорот Филип Лардон од Универзитетот во Антверпен објаснува дека во домашните е-течности често се мешаат лекови, марихуана и синтетички дроги познати како „спајс“. „Тие се познати и како „спајс“ и…

Повеќе

Вчера вечерта избувнал пожар во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, при што целосно бил опожарен магацин кој се користел за обработка на дрво дознава 24инфо. Благодарение на брзата и навремена интервенција на екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола и не се проширил на останатите објекти во комплексот. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за избувнување на пожарот. На терен интервенирале повеќе противпожарни екипи, кои се бореле со огнената стихија за да спречат поголема материјална штета. Очекуваме повеќе информации во текот на денот.

Повеќе

Хистеријата на СДС и Филипче за лажните вести што ги создаваат и пласираат се распукнаа како меур од сапуница. Лицемерието на СДС и Филипче излезе на виделина пред очите на целокупната јавност. За разлика од глумата на Филипче во улогата на патриот, менувањето ставови и ширењето лаги за непостоечки теми од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ има јасна државотворна позиција против политиките што ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, и сега води антиемигрантска политика, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Фактите се јасни и документирани, СДС на чело со Заев и Филипче отворено нудеа Македонија…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници. Настанот, како што се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, се случил на 12 декември во дворот на О.У.…

Повеќе

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово е најстудено во Берово каде се измерени -7C. Најтопло било во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште и Гевгелија, со измерени 0C.Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, Претор, Куманово, Кавадарци, и -1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Пожаране, Kрушево. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе…

Повеќе

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утрово, од 06:30 часот, сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум се одвива со отежнат режим поради појава на одрон. Делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента. АМСМ апелира до сите учесници во сообраќајот да возат исклучително внимателно сè додека целосно не се расчисти одронот и не се нормализира сообраќајот.

Повеќе

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјатаизвозник – Бразил, соопшти АХВ.„Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип)…

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови, на одредени места ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. КатегоријаИнтервалМинимална-4 до 3Максимална10 до 15 Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност.

Повеќе