Author: Author 04

Полицијата на Нов Јужен Велс подигна обвинение против Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј. Тој се соочува со вкупно 59 кривични дела, вклучувајќи 15 точки за убиство и една точка за извршување терористички акт. Нападот, кој беше насочен против австралиската еврејска заедница за време на прославата на Ханука, е оценет како најсмртоносното пукање во Австралија по три децении. „Ова е најсмртоносното пукање во земјата од 1996 година“, соопштија властите. Вториот напаѓач, Саџид Акрам (50), татко на обвинетиот, беше убиен од полицијата на местото на настанот за време на престрелката.

Повеќе

Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење како јавен обвинител. Со оставката Коцевски ги призна проблемите во обвинителството кое беше компромитирано и под негово водство беше институција со изгубен легитимитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Коцевски го водеше обвинителството речиси две години и не направи ниту една реформа. Напротив обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДС и ДУИ и нивните функционери. Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус квото на обвинителството. Коцевски е…

Повеќе

Новиот тим е спој на млади и искусни, велат од СДСМ.  „Синергијата на овој спој, млади и искусни во новиот тим ќе даде резултат на следните парламентарни избори. Новата сила не се само овие луѓе. Новиот тим на СДСМ е многу поголем, многу поширок. Тука е и Антикорупцискиот тим којшто веќе интензивно работи, тука се и младите, тука се сите. Дел од столбовите на новата програма, програма 300 ќе бидат младите. Ќе следува процес за регрутирање 300 млади лидери, координатори и волонтери од сите региони, од цела Македонија. Нова сила која ќе ја освежи партијата и ќе покаже што е…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја искористи симболиката на виното за да ја илустрира неопходноста од регионална соработка на настанот „Здравица за добрите соседи“ во Брисел. Тој откри еден помалку познат факт за винската индустрија во регионот, потенцирајќи го квалитетот на македонскиот производ: „Ние сме исклучително горди што многу од земјите во регионот го нарекуваат виното свое, а барем дел од процентот на грозје во нивното вино е македонско. Кога работиме заедно, можеме да го направиме најдобриот производ што сите го сакаат и кој е вистински европски“, истакна Муцунски. Министерот порача дека Западен Балкан треба да…

Повеќе

ОвенДенот започнува со силен внатрешен фокус. Тригонот меѓу Месечината и Сатурн ви помага да се справите со задачи што бараат концентрација, истрајност и зрелост. Може да решите важна тема поврзана со финансии, документи или лични граници. Потоа, кога Месечината преминува во Стрелец, чувствувате ослободување и желба да направите нешто ново—да истражувате, да учите или само да излезете од рутината. Денот ви нуди важна комбинација: стабилност и перспектива. БикУтрото ви носи чувство дека конечно ја држите ситуацијата под контрола, особено во партнерства или однос кој бара сериозност. Месечината и Сатурн ви помагаат да донесете зрела одлука, да поставите граница или да…

Повеќе

Македонија утрово се разбуди со температури под нулата во речиси сите градови. Според податоците на УХМР, најстудено беше во Берово со измерени -6 степени. Утрински температури низ градовите: Во текот на денот нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и претежно тивко. Утринските часови ќе бидат обележани со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Во северозападните делови можен е повремен слаб дожд. Максималната температура во земјава ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје претпладне ќе има магла во делови од котлината, додека преку денот ќе биде променливо облачно со максимална температура…

Повеќе

Собранието со мнозинство гласови ја изгласа потребата од носење на Предлог-законот за Судскиот совет, со што законот се проследува во второ читање. Министерот за правда, Игор Филков, изјави дека со овој закон Министерството започнува „нова ера на работа и функционирање“ преку отворен, јавен и транспарентен процес на изготвување суштински закони. Тој ги наведе клучните новини предвидени со Законот, кои се во согласност со препораките на ЕУ: Филков изрази жалење што дел од опозицијата не присуствувала на седницата за носење на овој „исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда“.

Повеќе

Детски психијатар (46) од Осиек е уапсен и обвинет за серија тешки кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на малолетни пациенти и овозможување употреба на дрога. По завршувањето на кривичната истрага, полицијата го спроведе во притвор. Полицијата се сомнева дека психијатарот ја злоупотребил својата положба во здравствена установа во Осиек во периодот од 2016 до 2019 година. Според наводите, тој им зборувал недолично на четворица негови тогаш малолетни пациенти, ги допирал непристојно по телото и им давал да консумираат дрога. Истрагата, исто така, утврдила дека од 2018 до 2023 година, тој им давал дрога и на возрасни познаници (две жени и двајца…

Повеќе

Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, денеска ја критикуваше Резолуцијата на владејачката коалиција за осуда на манипулациите на опозицијата, барајќи таа, заедно со точката за продолжување на кризната состојба поради мигрантската криза, да се симне од дневен ред. Џафери ја отфрли содржината на Резолуцијата како „цензура“, алудирајќи на тоталитарен систем: „Со точка еден се осудува лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициските политички партии. Вие оценивте дека опозицијата се што ќе каже лаже и прави манипулации, тоа е цензура. Да ви ја честитам новата 1949“, му се обрати Џафери на собранискиот спикер Африм Гаши. Пратеникот, исто така, го доведе во прашање…

Повеќе

Ледена воздушна маса од Сибир и поларните региони ја зафати Источна и Североисточна Европа, создавајќи екстремно ниски температури. Ледената маса стигна и до европскиот дел на Русија, каде температурите паднаа под -10 C, а во северниот дел под -20 C. Утрото во северна Русија се измерени температури дури под -30 C. Уште постудено е во азискиот дел на Русија, со температури под -50 C. Додека Истокот е замрзнат, во Западна Европа доминира сосема поинаква климатска слика. Силната циклонска активност од Атлантикот носи чести дождови и силни бури, но и значително потопла воздушна маса. Температурните вредности во Западна Европа се над…

Повеќе