Author: Author 04

Утрово најниски температури од -6 степени се измерени во Скопје-Петровец и Берово, информираат од УХМР. Измерените минимални температури во другите градови се: Во текот на утринските и претпладневните часови се очекува појава на магла на повеќе места. Денот ќе биде сончев со мала локална облачност и слаб северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, претпладнето во делови од котлината ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 7 степени.

Повеќе

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде објавено новото партиско раководство. Ова доаѓа откако, на негово барање, целото досегашно раководство поднесе оставка на почетокот на декември. Филипче вчера, во изјава за централниот дневник на „Сител“, потврди дека списокот со имиња е веќе подготвен и дека тоа ќе претставува спој на искуство и нова енергија. „Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче. Тој додаде дека целта е отворање на широк фронт со граѓаните, политичките…

Повеќе

Денеска, на Меѓународниот аеродром Скопје официјално ќе биде промовиран првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ кон Прага. Со ова, чешката престолнина станува најновата дестинација во листата на летови од скопскиот аеродром. Новата авиолинија беше најавена уште во јули од страна на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој тогаш објави дека е потпишан договор за вкупно пет нови дестинации од Скопје: На настанот денеска се очекува да присуствуваат: генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт; амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва; раководителот за комуникации во „Виз ер“, Андраш Радо; и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталната малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.

Повеќе

Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, одредени населени места во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека прекинот започнува од 9 часот. Корисниците кои ќе бидат засегнати од овој прекин се: Според најавите, електричната енергија се очекува да биде повторно вклучена во 15 часот.

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, но во утринските часови е забележана намалена видливост поради магла на одредени патни правци. Според информациите од „Македонија пат“, намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија. На патните правци кои минуваат низ клисури и усеци, можни се поситни одрони, поради што се апелира на зголемена внимателност. Од „Македонија пат“ упатуваат апел до возачите: „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Што се однесува…

Повеќе

Денешниот ден ќе биде одбележан со сончево време и мала до умерена облачност, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, во утринските часови на одредени места се очекува појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 0 степени Целзиусови, додека дневната максимална температура ќе достигне меѓу 9 и 13 степени. Во главниот град, претпладне се очекува појава на магла во делови од котлината. Во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната…

Повеќе

Земјотресот со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван во Скопје и околината утрово во 07 часот и 20 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

Повеќе

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Стафа е осомничен за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Притворот е определен на предлог на ОЈОГОКК, поради постоење опасност од бегство и можност Стафа да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата. Според Обвинителството, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра. Со парите требало да посредува и да го искористи своето влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор на лице…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека СДСМ е подготвена да ја продолжи политичката борба на избори, затоа што состојбата во државата и прашањата што се отвораат директно ја засегаат иднината на граѓаните. Филипче оцени дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ја крие блискоста со актуелните власти во Србија и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посочувајќи дека токму тие политички врски се клучни за опстанокот на премиерот Христијан Мицкоски. „Тие две земји, Унгарија има избори напролет, некаде Вучиќ најави во Србија во следните шест месеци, така што избори…

Повеќе