Author: Author 04

По пауза од четврт век, Македонија повторно ќе добие средно полициско училиште. Министерот Тошковски денеска информираше дека со законските измени се враќа категоријата „професионален полицаец“, што според него е револуционерен чекор во образованието на кадарот. Министерот упати јавен повик до сите ученици кои во моментов се втора година во средно образование: „Ги повикувам сите заинтересирани ученици од втора година, доколку имаат желба да станат полицајци и си ја сакаат државата, да размислат за упис од 1 септември идната година во трета година во полициското училиште“. Првата генерација професионални полицајци со вакво образование се очекува да излезе за две и пол…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска најави дека системот „Безбеден град“ забрзано се шири и до летото следната година ќе биде имплементиран на целата територија на државата. Тој потсети дека во моментов тече тест-периодот, а официјалното регистрирање на прекршоците и казнувањето ќе започне од 1 февруари 2026 година. Тошковски истакна дека веќе се чувствуваат првите ефекти – бројот на сообраќајки со тешки повреди е во опаѓање таму каде што системот веќе е активен. „Никој нема да биде изземен од казна, освен итната помош, пожарникарите и полицијата при акција. Дури и јас добив опомена за сообраќаен прекршок и тоа го…

Повеќе

Полициските службеници од Првата полициска станица во Сплит завршија голема истрага во која пронајдоа и запленија голема количина пиротехнички средства. Вчера, полицијата уапси маж за кого беше откриено дека поседувал значителна количина пиротехнички средства во стан во областа Сплит, а беше утврдено дека постои основано сомнение дека сторил кривично дело. Ова е една од најзначајните заплени на пиротехнички средства во Сплитско-далматинската жупанија. Како дел од кривичната истрага, полициските службеници пронајдоа и запленија вкупно 10.834 парчиња пиротехнички средства, и тоа: 372 сигнални ракети П2 49 пенливи лампиони 12 димни бомби 700 топовски ѓулиња 9.701 парчиња петарди и други пиротехнички средства од…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла.Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Повеќе

Денешната седница на албанското Собрание се претвори во вистинско бојно поле откако пратениците на опозицијата влегоа во жесток физички судир со обезбедувањето. Уште пред формалното отворање на седницата, во салата настана стампедо, се користеа пиротехнички средства, а опозиционерите се обидоа да ги заземат местата на министрите. Драмата достигна врв кога пратеникот Бељинд Кељиќи запали факел среде салата, додека неговиот колега Клевис Балиу се качуваше по масите за да стигне до министерските фотелји. Лидерот на демократите, Сали Бериша, упати директни закани до обезбедувањето дека „ќе се соочат со сериозни последици“ ако ги допрат пратениците. И покрај чадот и вревата, Ендри Шабани…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“. – Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари, известија од МВР.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.И.(48) од Пробиштип,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 28.10.2025 во Пробиштип, по завршување на настан организиран од „Здружение на пензионери“ од Пробиштип,  одржан во Пензионерски дом-Пробиштип, пријавениот  ја спречил новинарката А.П.,  како службено лице ангажирана од медиум, да му постави прашања на заменик- министер, кој присуствувал на настанот.

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден и раните утрински часови, две постари скопјанки биле мета на насилници кои со употреба на физичка сила им го одзеле имотот. Првиот инцидент се случил во Ѓорче Петров околу 13:30 часот, кога 64-годишната О.Т. била нападната од непознато лице кое ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Само неколку часа подоцна, во 01:00 часот по полноќ, слично сценарио се одвивало и во општина Аеродром. Таму, 61-годишната Е.М. пријавила дека насилник физички ја нападнал и ѝ ја одзела чантата во која имало паричник, лични документи и два мобилни телефони. Од МВР информираат дека во…

Повеќе

Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на 34- годишен маж од Битола одзел пари. При обид да избега, бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет. Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.  

Повеќе

Утрово во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе