- ВМРО-ДПМНЕ: Времето на капитулации заврши
- СДСМ: Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба
- Дневен хороскоп: Венера носи љубовен магнетизам за Лавовите, деловни контакти за Близнаците
- Дел од Скопје и околината денеска без струја, еве ги локациите
- Свеж бран ја зафаќа Македонија: Значителен пад на температурите и силен ветер, еве какво време нè очекува
- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
Author: Author 04
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска соопшти дека за само четири месеци е постигнат значителен напредок во поврзувањето на институциите и општините. На националната конференција „Граѓаните на прво место“, тој истакна дека целта е побрзи и подостапни услуги преку суштинска дигитална реформа. Според министерот, бројките покажуваат драстичен раст во користењето на дигиталните алатки. „Во ноември се реализирани 2,6 милиони трансакции преку платформата за интероперабилност – што претставува зголемување од 250% во однос на просекот во 2024 година. Истовремено, за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата“, посочи Андоновски. Тој нагласи дека дигитализацијата значи помалку…
На повидок нов раскол во СДС!?, напиша на својот Фејсбук профил Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, ниту еден пратеник од СДС не присуствува на собраниската седница. Дали е случајност или некому испраќаат порака?, прашува Петрушевски. „Особено што вчеравечер Филипче го објави новиот тим на СДС во кој речиси и да нема актуелен пратеник. Очигледно, незадоволството не може да се сокрие. Кога внатрепартиските калкулации им се поважни од институциите, резултатот ќе е уште подлабока криза во редовите на опозицијата“, напиша Петрушевски.
САД, Европа и Украина постигнаа договор за безбедносни гаранции кој американските претставници го опишуваат како „платински стандард“. По дводневните разговори во Берлин, деталите откриваат правно обврзувачки договор кој предвидува сериозен воен одговор доколку Москва го прекрши прекинот на огнот. Иако планот не предвидува американски чизми на украинско тло, Вашингтон е подготвен да употреби смртоносна сила од далечина. „Доколку дипломатските напори не успеат и се случи нова руска инвазија, Вашингтон ќе мора да одлучи дали да употреби смртоносна сила. Според дипломатски извори, најверојатниот одговор би вклучувал употреба на воздухопловна сила“, пишува британскиот весник „Телеграф“. Според овој план, американските Ф-35 и ракетите…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави значително зголемување на средствата наменети за научно-истражувачка дејност. Според неа, буџетот за наука во 2026 година ќе достигне рекордни 773 милиони денари, што е двојно повеќе во споредба со 2024 година кога беа наменети 380 милиони. Јаневска истакна дека државата мора да го напушти трендот на мали инвестиции доколку сака да остане конкурентна на меѓународната сцена. „Македонија не може да продолжи со практиката на мали инвестиции во науката. Државите во опкружувањето ги интензивираат вложувањата во научно-технолошки развој и земјата, ако сака да остане релевантна и на меѓународна научна сцена, неопходно е…
На највисоко ниво и во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија, Георги Димов, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци. Целта е забрзување на легалната трговија и спречување на обиди за царинска измама, со што директно ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста на македонската економија на пазарот во ЕУ. Николовски вели дека со овој чекор Царинската управа јасно ги покажува силните заложби на институцијата за забрзување на интеграцијата на нашата држава…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ. Средбата се одржа во пријателска, отворена и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани можностите за унапредување на меѓународната соработка и заедничките иницијативи насочени кон развој на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Како што се наведува во соопштението од Град Скопје, разговорите ја потврдиле заемната подготвеност за продлабочување на билатералните односи и за градење одржливи партнерства на локално и меѓународно ниво. Во фокусот на разговорите биле развојот на локалната заедница, како и можностите за унапредување на меѓународната соработка. Двајцата соговорници…
Тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака. Не е јасно како по којзнае кој пат некој од СДС ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од редовите на СДСМ. „Да го тргнеме настрана фактот дека јавните набавки се јавни и транспаренти и другиот факт дека Кузеска не го разбира ИТ светот, туку Кузеска обвинува за сомнителни тендери со фирма на која власта на СДС и ДУИ им делеле тендери и грантови од Фондот за иновации. Така фирмата СИГМОИД која не постои две години,…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е добредојдена и испраќа позитивен сигнал до целиот регион. Муцунски најави дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со лидерите од регионот и претставниците на Европската Унија, ќе разговараат за низа конкретни иницијативи во рамки на процесот на постепена евроинтеграција. Притоа, тој ги…
Хрватскиот државен инспекторат итно го повлече од пазарот производот „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), формула за бебиња, поради зголемено присуство на бактеријата Bacillus cereus. Како што соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH), одлуката е донесена врз основа на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, соопшти Индекс.хр“.. Повлекувањето се однесува исклучиво на пакувањето од 400 грама со следните спецификации: Според информациите објавени од хрватските медиуми, производот не е во согласност со регулативите на Европскиот парламент за безбедност на храна. Дистрибутер за Хрватска е компанијата „AWT International d.o.o.“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Р.(55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 15.09.2025 во Гостивар, пријавената попречувала полициски службеник додека вршел службени дејствија.
