- Петрушевски: Филипче се фаќа за сламка, Бугари во Устав, нема крај на неговите лични интереси
- Аријана Гранде со барање: Не ја користете мојата песна во вашето видео
- Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката
- Неделен хороскоп: Ракот затвора големо поглавје, Лавот го чека среќа, а еве кој треба да биде претпазлив
- Драма во соседството: 13- годишник украл автомобил па предизвикал сообраќајка, полицијата шокирана од неговите зборови
- Силен земјотрес во Егејското Море
- Во автомобилот носеле пушки и патрони – Интервентна уапси две лица од скопско
- Измерени 9 степени во 11 часот, еве каде е најстудено во Македонија
Author: Author 04
Вчера во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом. Малолетникот е предаден на неговите родители.
Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.По преземени мерки и активности во соработка со Одделот…
Општина Аеродром денеска официјално го започна проектот за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, при што точно 50 домаќинства добија специјални канти за селекција на пластика, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства. Воведувањето ваков модел на управување со пластичен отпад претставува прв чекор кон систем што постепено ќе се проширува низ целата општина. „Ова не е кампања, туку функционален систем што им овозможува на граѓаните активно да учествуваат во заштитата на природата, почнувајќи од сопствениот дом“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Тој додаде дека како прва општина што воведува ваков модел, испраќаме јасна…
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) предупредува на намалена видливост поради појава на магла на патниот правец Неготино-Демир Капија, каде видливоста е ограничена до 100 метри. Истовремено, на скопската обиколница (дел од патот А2) се изведуваат градежни работи за рехабилитација на потегот од клучка Волково до клучка Кондово. Поради ова, затворена е левата лента за претекнување во должина од 250 метри, а сообраќајот се пренасочува по средната и помошната лента за запирање. Интензитетот на сообраќај надвор од градовите е умерен, а на граничните премини утрово нема подолги задржувања за влез или излез од државата. АМСМ апелира до возачите за прилагодена брзина…
Министерството за животна средина информира дека во Кичево и Струмица е надминат прагот на алармирање за загадување на воздухот. Поради високите концентрации на ПМ10 честички (над 150 mg/m3) во текот на два последователни дена, воведени се итни мерки за заштита на здравјето и контрола на загадувачите. Според препораките на Министерството, работодавците треба да ги ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните. За оние кои работат на отворено, се препорачува реорганизација на работното време во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Дополнително, во Струмица се воведуваат засилени инспекциски контроли на фабриките со А и Б еколошки…
Поранешниот директор на Управата за водење матични книги и висок кадар на ДУИ, Бујар Дарлишта, е меѓу приведените во големата ноќна акција на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Информацијата за неговото приведување ја потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Акцијата е спроведена на повеќе локации во Скопје и Куманово, под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). „Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал од ноќеска спроведуваат активности поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа“, соопштија од ОЈО ГОКК. Министерот Тошковски ја потврди веста за време…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа „Центар за социјални работи“- Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“. Во текот на…
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави дека модернизацијата на македонската Армија продолжува со засилено темпо. Буџетот за следната година е проектиран на рекордни 358 милиони евра, што е за 27,7 милиони евра повеќе од годинава. Мисајловски појасни дека успешно се затвораат клучните договори со стратешките партнери. Веќе се пристигнати хаубиците од Турција, како и сите 96 лесни оклопни возила ЈЛТВ од САД, додека следната година се очекува испораката на оклопните возила „Страјкер“. „Во првиот квартал следната година ќе биде првата испорака од ракетниот систем ‘Мистрал’ согласно со договорот со Франција, а ќе пристигнат и два хеликоптери од договорот со италијанскиот…
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, на која беше реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството. – Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем. Лично сметам дека размената на знаења и искуства меѓу медицинскиот кадар од двете земји придонесува кон целокупно унапредување на здравствената заштита. Воедно, ја информирав министерката за нашата заложба за…
Ноќеска околу 00:05 часот во с. Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Д. (40) од Скопје. При преглед кај лицето, во с.Трубарево, пронајдени се кеса со грутчеста материја и две кеси со растителна материја. По документирање на случајот, против А.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ.
