Author: Author 04

Куќа изгоре во пожар што се случи претпладнево во строгиот центар на Неготино. Брзата и ефикасна интервенција на противпожарните екипи спречила поголема катастрофа во густо населената околина. Во гаснењето на пожарот учествуваа десет пожарникари со три противпожарни возила. Нивната главна задача била да спречат огнот да се прошири на соседните објекти, од кои некои биле во непосредна опасност и биле делумно опожарени. За среќа, нема настрадани лица. Повозрасниот човек кој живеел во куќата што изгорела е безбеден.

Повеќе

Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Разбирливо е дека СДС и Филипче се во континуиран слободен пад, без визија и во отсуство на вистински политики, и затоа посегнуваат по секоја цена да дојдат до некаков политички поен и краткорочен бенефит, посочи Стојаноски. „СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни…

Повеќе

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски успеа да го совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на терористичкиот напад во Бонди, изјави дека, и покрај тешките повреди и силната болка, „повторно би го направил истото“. Ова го потврди неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, нагласувајќи дека Ахмед не жали за својот чин. Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара каде закрепнува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сѐ уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите се загрижени поради сериозната загуба на крв и постои ризик дека…

Повеќе

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден; · од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош; · од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода; · од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.

Повеќе

Навид Акрам (24), еден од осомничените за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, се разбуди од кома и во моментов е подложен на испрашување од страна на полицијата. Навид и неговиот татко Саџид Акрам (50) се обвинети за убиство на 15 лица кои ја прославувале Ханука на плажата во неделата, во најсмртоносното масовно пукање во Австралија во последните 30 години. Таткото, Саџид, почина на местото на настанот откако бил застрелан од полицијата додека се криел на пешачки мост со својот син. И покрај тоа што бил повеќепати застрелан од „храбрите полицајци“, Навид бил итно префрлен во болница, каде што…

Повеќе

Австралиските и филипинските власти интензивно ги реконструираат последните движења на Саџид и Навид Акрам, татко и син кои го извршија терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Во нападот загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени. Истрагата се фокусира на нивниот едномесечен престој на Филипините непосредно пред трагедијата. Имиграциската служба во Манила потврди дека двајцата отпатувале од Австралија на 1 ноември и останале на Филипините до 28 ноември. Последната локација на нивното патување бил градот Давао, кој се наоѓа на југоистокот од островот Минданао. Овој регион со години е познат по активноста на исламистички милитантни групи. Иако засега нема…

Повеќе

Едно дете (10) беше убиено, а уште четири лица беа повредени кога матурант од училиште во Московскиот регион пристигна вооружен утрово и почна да боде луѓе! 15-годишен тинејџер со нож нападнал обезбедувач и четири ученици во училиштето, а ученик од 4-то одделение им подлегнал на повредите. Хоророт се случил во основно училиште во селото Горки-2 во Одинцовскиот округ на градот, а според некои медиумски извештаи, се сомнева дека напаѓачот донел и експлозиви во училиштето. 15-годишното момче наводно е ученик во 9-то одделение во училиштето каде што го извршил нападот. Некои медиуми известуваат дека дошол во училиште со балаклава на главата,…

Повеќе

Најмалку седум лица го загубија животот при пад на мал авион во централно Мексико, додека уште три лица се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, пренесува ДПА. Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром. Авионот, од типот „Cessna Citation“, полетал од туристичкиот град Акапулко на Тихиот Океан и се упатил кон Толука, информира Министерството за транспорт. Според медиумските извештаи, во авионот имало вкупно десет лица – двајца членови на екипажот и осум патници, меѓу кои и три деца. Трагедијата е проследена со драматични детали од комуникацијата. Во последната комуникација со контролата…

Повеќе

Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен М.А.(44) од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината. Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, како и на Кеј „13-ти Ноември“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредите се наменети исклучиво за индикативни мерења и претставуваат значајна алатка за поддршка на инспекциските служби. „Овие мерни единици не препознаваат…

Повеќе