Close Menu
Press24
    Најново

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

    29.10.2026 во 10:28

    Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор

    29.10.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сахарски песок и невреме со град ја зафаќаат Македонија

    Сахарски песок и невреме со град ја зафаќаат Македонија

    07.05.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија влегува во период на нестабилно време под влијание на атмосферски фронт кој доаѓа од Алпите. Од денес (четврток), па сè до крајот на неделата, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во текот на утрешниот ден.

    Локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постојат услови и за појава на невреме со електрични празнења и град. Според прогнозите, се очекува локално да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.

    Во Скопје и околината се очекува слично време со повремени врнежи, додека во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

    Во овој период ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во сабота ќе го промени правецот во северен, особено изразен по должината на Повардарието. Температурите утре ќе бидат во опаѓање (од 14 до 23 степени), додека во недела се очекува повторен пораст до 30 степени.

    Дополнително, поради јужното струење, се очекува заматена атмосфера со присуство на сахарска прашина. Метеорологот Славчо Попоски појаснува:

    „До крајот на неделава во атмосферата ќе ни биде присутно значително количество на Сахарска прашина и на песок па и атмосферата повторно ќе ни биде доста заматена и нечиста а дождот кој го очекувам ќе биде помешан со истата, односно дождот овие денови ќе биде валкан.“

    Прочитај повеќе

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор

    29.10.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.