Author: Author 04

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека дел од корисниците во општина Кисела Вода денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според известувањето од „ЕВН Македонија АД“, прекинот е планиран поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Без струја, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците на улица „368“ бр. 3.

Повеќе

Вчера во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ј.С.(34) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед кај Ј.С. пронајден е кокаин. По целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383. На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ќе ја пречека министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали. Ова е нејзина прва официјална посета на нашата земја. На средбата е предвидено двајцата министри да разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, како и за билатералните односи и соработката. Посебен фокус ќе биде ставен на можностите за нивно понатамошно унапредување во сите области од заемен интерес. Програмата предвидува тет-а-тет средба меѓу Муцунски и Спиропали, по што ќе следува и билатерална средба меѓу делегациите на двете министерства. По завршувањето на разговорите, предвидена е…

Повеќе

Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и појава на магла во одделни котлини. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 4 до 12 степени. Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и тивко со магла, со температура до 4 степени. Од УХМР најавуваат промена од утре навечер: „Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави почеток на масовна акција за расчистување на јавните простори од бесправно изградени објекти.Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!, напиша на својот Фејсбук профил Ѓорѓиевски. „Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес“, рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани. „Акцијата продолжува со силно темпо и…

Повеќе

Завчера во 12:35 часот во Полициската станица Аеродром од Итна медицинска помош е пријавено дека на кеј на река Вардар бил пронајден 47-годишен маж со повреда од огнено оружје, а до него бил пронајден пиштол. Истиот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид, соопштуваат од МВР

Повеќе

Безбедносната служба на Украина (СБУ) продолжува со својата офанзива врз енергетското срце на Русија. Долгодострелни дронови по трет пат погодија клучна нафтена платформа во Каспиското Море, сопственост на нафтениот гигант „Лукоил“. Овој пат цел на нападот беше платформата на наоѓалиштето „Валериј Грајфер“. Камерите на дроновите снимија директен и прецизен удар врз гасната турбина – критичен дел од инсталацијата, без кој целото производство е целосно онеспособено. ⚡️ BREAKING: For the first time ever, a Russian “shadow fleet” tanker was critically damaged by drone strikes in the Mediterranean and is now out of operation, according to media reports. pic.twitter.com/O5W6nK7vzx— UNITED24 Media (@United24media)…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра. „Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“. Кампањата се реализира во организација на СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, а нејзиниот фокус е ставен на подигање на јавната свест за сериозните ризици и последици од неовластената употреба на петарди и други пиротехнички средства, особено…

Повеќе