Author: Author 04

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ” со ул.„Народни Херои” во Скопје, патничко возило „опел зафира” со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Кога СДС зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно граѓаните живееја со 150 денари на ден. Денес, инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец и едно правно лице од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според полицијата, пријавениот со лажно прикажување факти довел во заблуда лице од Куманово при продажба на патничко возило „мерцедес вито“. Иако возилото било предмет на договор, оштетениот не ги добил парите во износ од 1.840.815 денари. Случајот е целосно документиран и против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „навлегување во компјутерски систем”. На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската картичка и во два наврата подигнал 41.600 денари, со што нанел вкупна штета од 56.600 денари.

Повеќе

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.А.(52) од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.04.2026 во основно општинско училиште во село Радолишта, пријавениот физички нападнал малолетен соученик на неговата ќерка, информираа од полицијата. 

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на Германско–Македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора — AHK Nordmazedonien и Македонско-германското стопанско здружение. Во своето обраќање, Андоновски истакна дека соработката во економската сфера значи потврда на стратешкото партнерство на двете држави, и додаде дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, туку економска мерка која директно влијае врз конкурентноста, инвестициите, продуктивноста и довербата во институциите. „Дигитализацијата не треба да ја гледаме како цел сама по себе. Таа е алатка за подобра држава и поконкурентна економија,“ порача министерот Андоновски. Тој нагласи дека целта на Министерството за дигитална трансформација е државата…

Повеќе

Собранието на денешната 100-та седница усвои неколку стратешки важни закони, но не помина без остри дебати меѓу пратениците. Клучната точка беше Законот за Советот на јавни обвинители, кој помина со поддршка од 64 пратеници. Додека заменик-министерот Деребан тврдеше дека се имплементирани сите европски препораки, пратеничката Соња Мираковска од НСДП обвини дека законот е фиктивна реформа. „Овој закон не дава одговор на нашата задача од Европската унија. Немаше сериозно вклучување на опозицијата и затоа гласавме против,“ порача Мираковска. Покрај правосудните реформи, Собранието ги изгласа и следните одлуки: Предлогот на Левица за измени во Законот за социјално осигурување не ја доби поддршката…

Повеќе

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска соопшти дека мерката за поддршка на граѓаните кои купуваат свој прв дом веќе дава резултати. Во првите три месеци од нејзината примена, подигнати се околу 400 станбени кредити под значително поповолни услови. Главната поволност што ја воведе Централната банка е намаленото сопствено учество, кое сега може да изнесува само 10 проценти за оние кои првпат решаваат станбено прашање. „Следиме секој месец и за првите три месеци, од декември до крајот на февруари, има 400 такви кредити. Мислам дека мерката ќе го има посакуваниот ефект,“ подвлече Славески. Гувернерот појасни дека додека условите за останатите…

Повеќе

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана. Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка дозвола. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во крвта.…

Повеќе

Вчера во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња.  Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Повеќе