- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
- СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?
Author: Author 04
Вчера во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А.(66) и се заканувал со остар предмет, а потоа го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Филмска заседа кај Јурумлери: Со две возила му го попречиле патот, па го претепале со тврди предмети
Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријави дека додека се движел со патничко возило од с.Јурумлери, скопско кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот, а од нив излегле М.С. и уште неколку други лица и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, при што му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Авион на „Рајанер“ наводно удри во цистерна за гориво на аеродромот во Единбург. Преплашените патници мораа да бидат евакуирани од авионот на пат кон Фаро по инцидентот на аеродромот во 10 часот наутро денес. Се верува дека никој не е повреден, а еден патник изјави за „Шкотски сан“ дека имало среќа што авионот не се движел побрзо. „Беше ужасно, пилотот се вклучи на интерфонот и се обиде да се преправа дека не е толку сериозно како што изгледаше“, рекоа патниците кои не можеа да патуваат во Португалија поради инцидентот. Инцидентот наводно се случил додека пилотот се упатувал кон пистата за…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени…
АМСМ упатува сериозно предупредување до возачите поради појава на густа магла која значително ја отежнува видливоста на неколку патни правци низ државата. Најкритична е состојбата на патот Дебар – Струга, каде видливоста е намалена на само 30 метри. Густа магла има и на следните правци: Сообраќајот на останатите патишта се одвива по претежно влажни коловози со умерен интензитет. На граничните премини во моментов нема подолги задржувања.
Подгответе ги чадорите – во наредните два дена земјава ќе биде под влијание на серија влажни воздушни маси. Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во одредени региони ќе достигнат значително количество на воден талог. Наместа ќе наврнат над 25 л/м2 за едно деноноќие. Поради падот на температурите, на планините ќе побели со 5 до 10 сантиметри нов снег, а врнежи од снег се можни и на повисоките населени места. Повремено поројни врнежи од дожд низ целата котлина. Временските прилики ќе се смират кон крајот на неделата, односно во петок. Паузата од врнежите и разведрувањето на небото…
Европската интеграција на Западен Балкан не е натпревар, туку заедничко патување, порача албанската министерка за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, при нејзината прва официјална посета на Скопје. Таа истакна дека Албанија, која за само 13 месеци отвори 34 поглавја, стои како силен партнер и поддржувач на македонските евроинтеграции. Спиропали потенцираше дека стабилноста на Македонија и нејзините силни институции се клучни за целиот регион. „Географијата нè постави како соседи, историјата нè научи да бидеме пријатели, а економијата нè прави партнери. Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија затоа што овде живее државотворен народ кој придонесува за заедничката иднина“, нагласи Спиропали. Двете…
„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку дијалог, партнерство и заемна одговорност. Овој Совет не е формалност, туку темел на социјалната кохезија и стабилност во државата, место каде што интересите на работниците, работодавачите и Владата се среќаваат со цел да се изгради одржлива и правична економија“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија. Мицкоски истакна дека целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој граѓанин. „Нашата цел е јасна – посилна економија што создава…
Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики кон кадровските решенија на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче, рече Манасиевски. „Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што затворот во Шутка го претвори во хотел промаја, затворениците повеќе седеа надвор отколку внатре во затворот. Оние што беа внатре пак имале навистина големи поволности. Андов до…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања за работењето на претходната власт во ЕСМ Снабдување со топлина. Според него, кадри именувани од СДС и ДУИ се однесувале кон институцијата како кон приватна фирма, реализирајќи тендер вреден осум милиони евра кој завршил во однапред договорена компанија. Петрушевски тврди дека во шемата бил вклучен Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а соработката резултирала со перење на два милиони евра преку мрежа од 33 лица. „СДС и ДУИ да не молчат, туку да одговорат каде завршиле овие испрани два милиони евра? Дали парите завршиле во Мала Речица или на Бихаќка? Јавноста заслужува…
