- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
Author: Author 04
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Казнено-поправниот дом „Идризово“ во Скопје. Како што е најавено, во рамки на посетата, таа ќе оствари работна средба со директорот на установата, Зоран Јовановски. Сиљановска-Давкова ќе ја посети и работната единица во затворот, односно шивалната која функционира во состав на женското одделение.
ОвенДенес размислувате пошироко и појасно од вообичаено. Нешто што сте го започнале во октомври или ноември повторно доаѓа во фокус, но овојпат со повеќе логика и помалку импулс. Месечината и Меркур ви помагаат да го видите следниот чекор, особено ако станува збор за учење, план за патување или личен развој. Денот е добар за разговор што отвора нов правец. БикСе активира тема поврзана со пари, договори или заеднички ресурси. Денес може да сфатите каде точно треба да направите промена за да се чувствувате посигурно. Идејата што ја добивате не е голема, туку практична, но токму таа носи напредок. Ова е…
Масивен пнеумоторакс и едем на мозокот се дел од причините за смртта на бебето од Арачиново, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е покрената иницијатива за стручен надзор кој ќе го испитува целиот случај. „До Министерството за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија која ќе утврди дали во третманот на новороденчето имало пропусти“, изјави Лазов. Од извршениот вонреден надзор е утврдено дека по породувањето со царски рез, детето било ставено на антибиотска терапија и механичка вентилација. И покрај преземените мерки за реанимација по наглото влошување на состојбата, лекарите не успеале…
Поради планирани технички интервенции во електросистемот, делови од три скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија, во општина Аеродром, од 08:00 до 09:00 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. „Јане Сандански“ бр. 70. Подоцна, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, прекин ќе има во селото Долно Лисиче, поточно делот после „Ливрам“. Во општина Сарај, од 08:45 до 14:00 часот без напојување ќе биде дел од селото Кондово, поточно околу пругата и градинката. Жителите на општина Сопиште, поточно корисниците од улицата „14“, ќе бидат без електрична енергија…
Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Според метеоролозите, ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат во интервал од -5 до -1 степен како минимални, додека максималните ќе достигнат од 6 до 13 степени во текот на денот. Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно и претежно тивко. Во делови од скопската котлина претпладне се очекува магла. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до -4, а максималната ќе изнесува 6 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека стабилното…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска повтори дека територијалните цели на Русија во Украина ќе бидат исполнети, истовремено отфрлајќи ги тврдењата од Европа дека Русија претставува закана за другите земји како „апсурдни“. На состанокот со претставници на Министерството за одбрана, Путин порача дека мировните преговори се претпочитана опција, но само доколку Западот и Киев се подготвени за суштински дијалог. „Ние претпочитаме да ги постигнеме и елиминираме длабоките причини за конфликтот преку дипломатија, но ако спротивставената земја и нејзините странски заштитници одбијат да се вклучат во суштински разговори, нашата земја ќе го постигне тоа преку воени средства“, изјави рускиот претседател. Тој додаде…
Бесцаринската продавница што се наоѓа помеѓу граничните премини Евзони и Богородица повеќе не им нуди евтини цигари на своите купувачи. Рафтовите на кои претходно беа изложени цигарите „Оме“, „Паркер и Симпсон“ и „Гламур“, кои се продаваа по цена од околу 13,5 евра по кутија, или две кутии за 24 до 26 евра како промоција, се целосно празни, објавуваат македонските медиуми. Голем број македонски, но и српски граѓани, враќајќи се од Грција, редовно се снабдуваат со поевтини цигари тука со години, но сега бесцаринската продавница продава само цигари со значително повисоки цени, или цени слични на оние во продавниците, од 25…
Минималната плата во земјава ќе претрпи усогласување на 31 март 2026 година, а според актуелните законски пресметки, покачувањето би изнесувало меѓу 1.700 и 2.000 денари, најави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој потенцираше дека Владата е отворена за дијалог со социјалните партнери доколку се постигне договор за промена на постојната формула за пресметка. „Доколку се договорат за промена на постојната формула за повисока плата, ние како Влада тоа ќе го испочитуваме. Сè додека не се договорат, ние имаме Закон кој мора да го почитуваме“, посочи Ристески. Паралелно со платите, Владата од 1 јануари воведува и нов параметар…
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при денешната посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, најави дека од почетокот на следната година државата ќе започне со сопствена пресметка на просечна потрошувачка кошничка. Оваа новина ќе биде разгледана на Економско-социјалниот совет закажан за 22 декември. Според Ристески, оваа кошничка ќе послужи како основа за креирање на идните економски стратегии и заштита на животниот стандард. „Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии“, изјави Ристески. Во…
Новиот Кривичен законик е поднесен во Собранието, брифираат собраниски извори за Press24. Предлог-законот сѐ уште не е објавен од страна на Законодавниот дом, но тоа се очекува да биде во најскоро време. Според наши информации, пратениците првично правеле и консултации со Уставниот суд, со оглед на тоа што новиот Закон доаѓа откако Уставен му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги смени спорните одредби. Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски тогаш кажа дека законот направил непоправлива штета за правната држава. На 6 септември 2023 година, Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции, особено што…
