- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Спасувачките екипи вечерва стигнаа до остатоците од приватниот авион кој попладнево исчезна од радарите јужно од Анкара. Како што пренесуваат турските медиуми, авионот „Falcon 50“ се урнал на рид во близина на селото Кесикавак, во областа Хајмана, при што сите пет патници во леталото го загубиле животот. Меѓу загинатите е и началникот на Генералштабот на либиската армија, Мухамед Али Ахмед Ал-Хадад, кој престојуваше во официјална посета на Турција. Смртта на петтемина патници ја потврди и либискиот премиер Абдулхамид Алдабаиба, опишувајќи го овој настан како „огромен губиток за нацијата“. „Стигнавме до остатоците. Точната локација каде што се урна авионот е на…
Централен одбор на ДУИ: Бујар Османи нов прв човек на Чаир, Фатон Ахмети шеф на кабинетот на лидерот
Демократската унија за интеграција (ДУИ) помина низ сериозно внатрешно реструктурирање на првата седница на Претседателството по одржаниот конгрес. На состанокот беа именувани нови претседатели на клучните локални ограноци, а партијата доби и нов портпарол. Арта Биљали Зендели, која е назначена за нов гласноговорник на партијата, ги соопшти имињата на новите претседатели на ограноците: Дополнително, Фатон Ахмети е назначен за шеф на кабинетот на претседателот Али Ахмети, додека Шемседин С. Бекири ќе го советува лидерот за односи со САД. Според Биљали Зендели, овие промени се во согласност со новиот статут на партијата и имаат за цел натамошно развивање на партиските структури.
Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) спроведе успешна операција во која е уапсен Мехмет Горен, еден од клучните лидери на ИСИС-Хорасан. Горен, познат под кодното име „Јахја“, се смета за главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Според безбедносни извори, со ова апсење директно се спречени плановите на терористичката организација за напади за време на новогодишните прослави. „Герен беше уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Разузнавачките агенции открија дека тој се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник повика на континуирана поддршка за Украина, предупредувајќи дека Европа може да се соочи со растечки безбедносни ризици ако нејзината решителност ослабне. Руте рече дека Украина мора да остане силна за да ги спречи обидите на рускиот претседател Владимир Путин да го нападне НАТО, објави Укринформ. Тој, исто така, ја нагласи потребата членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана во согласност со обврските договорени на самитот на Алијансата во Хаг во јуни. „Ако ги направиме овие две работи, ќе бидеме доволно силни да се заштитиме себеси и Путин никогаш нема да…
Вооружени групи во Нигерија извршија ново масовно киднапирање, овојпат пресретнувајќи автобус на пат меѓу две села. Локалната полиција потврди дека безбедносните служби се веќе на терен во обид да ги лоцираат жртвите, додека семејствата на киднапираните почнале да добиваат барања за откуп. Овој напад доаѓа во време кога државата се соочува со сериозен безбедносен предизвик од криминални групи. „Овој инцидент се случува само еден ден по ослободувањето на 130 ученици и наставници од католички интернат во сојузната држава Нигер. Киднапирањата за откуп се сè почести во северна и централна Нигерија и ги извршуваат криминални групи, познати како „бандити“, соопштија нигериските…
Украинските одбранбени сили извршија тактичко повлекување од одредени делови на Северск во регионот Донецк, со цел да ги зачуваат животите на своите војници. Иако дошло до поместување на единиците, Генералштабот на Украина потврди дека самиот град и понатаму е под нивна контрола. Од Киев соопштуваат дека фронтот останува активен, а руските сили продолжуваат со силни офанзивни дејствија. „Тешките борби продолжуваат, а руските сили имаат значителна предност во бројност и опрема“, се наведува во соопштението на Генералштабот. Украинската војска тврди дека и покрај повлекувањето, успеала да ги оштети логистичките линии на непријателот. Како што се наведува во извештајот, единиците успеале да…
Во Централниот дневник на Алсат телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за дела сторени пред 2023 година. „Овој закон кој е поднесен од нас е преодно решение, бидејќи во февруари месец Уставниот суд побара од Собранието да се донесе нов Кривичен законик бидејќи ако не се случеше тоа ќе се направеше еден феномен на “правна празнина“, којшто потоа сите оние кој што во овој момент одговараат или се пред судовите со вакви квалификативи ќе можеа да бидат амнестирани од одговорност.…
Македонската спортска јавност денеска се збогува со еден од своите најголеми фудбалери на сите времиња. Почина Васил Рингов, човекот кој остави неизбришлив белег во југословенскиот и македонскиот фудбал, а веста ја потврдија од Фудбалската репрезентација на Македонија. Рингов својот фудбалски пат го започна во родната Струмица, во редовите на Беласица, по што неговиот талент го одведе во белградски Партизан. Најсветлите моменти во кариерата ги помина во ФК Вардар и ФК Тетекс, со кои долги години беше страв и трепет за противничките одбрани во Првата југословенска лига во текот на 80-тите години. „Денес не жалиме само за човек, туку за едно…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека по неколкудневните интензивни преговори во Мајами со тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе се подготвени клучните нацрт-документи кои треба да стават крај на војната со Русија. Зеленски беше информиран за исходот од разговорите од страна на секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров и началникот на Генералштабот, Андриј Хнатов. „Работата беше продуктивна и неколку нацрт-документи сега се подготвени. Тие вклучуваат документи за безбедносни гаранции за Украина, за нејзината обнова и основна рамка за завршување на оваа војна“, објави Зеленски, нагласувајќи дека целта е да се спречи каква било идна руска инвазија. И…
Македонија влегува во период на нестабилно време со пообилни врнежи, а на планините се очекува формирање на нова снежна покривка. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за интензивни врнежи во одредени региони. „Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри“, информираат од УХМР. Според метеоролозите, вистинскиот пресврт доаѓа во четврток кога студениот бран ќе донесе снег и во пониските предели. „Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток…
