Author: Author 04

Познатата активистка Грета Тунберг вчера беше лишена од слобода во центарот на Лондон за време на протест организиран од групата „Палестинска акција“. Британските власти потврдија дека 22-годишната активистка е приведена поради сомнеж за прекршување на строгите законски регулативи. Лондонската полиција соопшти дека интервенцијата била насочена против истакнување симболи на забранети групации. „Лондонската полиција соопшти дека 22-годишната Тунберг е приведена поради истакнување транспарент во поддршка на забранета организација, што е спротивно на член 13 од Законот за тероризам од 2000 година“, пренесуваат светските агенции. Инцидентот ескалирал пред канцелариите на осигурителната компанија „Аспен“, откако активисти ја испрскале фасадата со црвена боја, симболизирајќи…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку социјалните мрежи информираше дека се спроведени засилени инспекциски надзори на терен по пробивањето на дозволениот праг на загаденост на воздухот. Тој истакна дека Инспекторатот за животна средина веќе изрекол казни за правни лица кои биле идентификувани како загадувачи. Ѓорѓиевски порача дека борбата за почист воздух продолжува уште поинтензивно и дека законот ќе важи подеднакво за сите. „Како градоначалник на Скопје, но пред сè како човек кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух како и сите вас, немав право да молчам и да не постапам. Во изминатите два дена беа спроведени силни и…

Повеќе

Градоначалникот на Оштина Новаци Стевче Стевановски во обраќање до јавноста извести за опасности на регионалниот патен правец Новаци – Маково, предизвикани од свлечиште. Деформацијата во моментов ја санираат екипи на РЕК Битола и ЈП за одржување на патишта, информира Стевановски. -Ве информираме дека, согласно информација доставена од РЦУК – Битола, а добиена од РЕК Битола во текот на ноќта значително се влоши состојбата на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци, во близина на свлечиштето поради појава на сериозни деформации на коловозот. Благодарение на координативните активности на сите вклучени страни со…

Повеќе

Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба, велат од СДСМ. „За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 GWh. Катастрофално лошо. За да се надминат овие загуби власта купува скапа струја од увоз, за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ да ја произведува дома. Колку тоа ги чини…

Повеќе

Од јануари 2026 година, Германија официјално воведува нов модел на задолжителна воена обврска. Сите мажи на одредена возраст ќе добијат прашалници од Бундесверот, а властите предвидуваат строги санкции за оние кои ќе одбијат да соработуваат. Германското Министерство за одбрана потврди дека процесот ќе започне со дистрибуција на околу 54.000 прашалници месечно. „Министерството за одбрана потврди дека оние што нема да одговорат или ќе дадат неточни информации ќе сносат последици според закон. Непочитувањето на обврската може да резултира со парична казна до 1.000 евра или принудна регрутација“, се наведува во новите правила. Планот на министерот Борис Писториус предвидува постепено засилување на…

Повеќе

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува…

Повеќе

Денеска во СВР Скопје, 66-годишен маж пријави дека на 21.12.2025 во семејниот дом на подрачјето на Центар, бил нападнат од неговите два сина, кои се обиделе да му го земат мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи. Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.С.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа’’ и „лажно претставување“. На 25.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, управувајќи патничко возило „фолксваген голф’’, пријавениот се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа.

Повеќе