- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
1.Што претставува органската фракција на цврстиот комунален отпад (ЦКО)? 2.Како да селектираме органска фракција Чекор 1 – Селекција на изворот во домаќинствата, и комерцијалниот сектор Чекор 2 – Собирање & Сортирање Чекор 3 – Пред-третман Собирањето на отпад од храна од изворите на создавање, најчесто наметнува примена на сертифицирани кеси за компостирање , со цел да се спречат истекувања и собирните места да се одржат чисти. Жителите на некои земји се должни да го сортираат отпадот од храна во хартиени кеси или во разградлива пластика. 3.Оптимизирање на селективното собирање на органската фракција Подигнување јавна свест & Образование → училишни кампањи,…
Вчера во 09:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од с.Лазаровци, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта. Исто така вчера во 18:55 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен сопреле патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(36) од Охрид, затоа што при контрола во патниот сообраќај е констатирано дека го управувал возилото со брзина од…
Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните машинерии кои одамна, повеќе од 20 години, веќе се надминати и како начин за артикулација во политичка битка, но и како модел со којшто би можело да се освојат гласови, да се собере група на луѓе која ќе ви верува, ќе се фати на тој бран и ќе учествува во истото. И тоа е толку ветво и застарено што просто делува и несериозно, констатира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во врска со неговата реакција за говорот во Собранието на претседателката на државата. Во своето синоќешно гостување во емисијата…
Ноќеска во 01:45 часот по полноќ било пријавено дека во езерцето во паркот во Струмица е пронајдено безживотно тело на жена, пренесе ЦУК. Веднаш по пријавата, на терен излегле екипи на полицијата и јавен обвинител за да извршат увид на местото на настанот. Телото на починатата жена е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина за да се утврдат точните причини за смртта. Од полицијата најавуваат повеќе детали во текот на денот, откако ќе биде завршена првичната истрага и процесот на идентификација.
Долгогодишниот проблем со пристапот до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје конечно влегува во фаза на решавање. Владата вчера одлучи паркингот во комплексот клиники да се запише како државно земјиште, со што се отвора патот за официјален договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“. Оваа правна промена ќе овозможи воведување на современ систем кој ќе вклучува комплетен видео мониторинг, информативни табли и дигитален водич за граѓаните. „Целта е пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап. Со оваа модернизација ќе се воспостави ред и значително ќе се зголемат капацитетите за паркирање“, појаснува министерот Алиу. Новиот систем треба да…
Македонското здравство ќе добие значајно засилување со набавка на 100 нови амбулантни возила, одлука донесена на вчерашната владина седница. Инвестицијата е вредна 7,5 милиони евра и има за цел целосно да ја модернизира флотата за итна медицинска помош низ државата. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека оваа набавка е клучна за спасување животи, особено во критичните моменти кога секоја секунда е важна. „Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациентите до болниците и подобра покриеност како во урбаните, така и во руралните средини“, соопшти Алиу преку својот Фејсбук профил. Со оваа мерка се…
Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство. Под раководство на министерот за здравство, Азир Алиу, се поставуваат нови стандарди и се инвестира таму каде што е највитално, во животот на граѓаните, се наведува во соопштението од Вреди. „Со одлуката за 100 нови амбулантни возила, во вредност од над 461 милион денари, се обезбедува побрз одговор на итни случаи, поефикасен транспорт на пациенти и подобра покриеност низ целата земја, како во градовите, така и во руралните средини. Во исто време, се решава еден од…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе биде главен говорник на Форумот на повратници во државата, настан посветен на македонските граѓани кои одлучиле да се вратат и својата иднина да ја градат во татковината. Како што соопштија од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Се очекува премиерот во своето обраќање да ги презентира мерките и политиките кои извршната власт ги презема за мотивирање на дијаспората за реинтеграција, како и за олеснување на процедурите за инвестирање и вработување на повратниците. Овој форум е дел од стратешките заложби на Владата за спречување на одливот на мозоци и…
СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Реформа во СДС нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали. Жерновски, исто како и Филипче, не е нов лик на македонската политичка сцена. Јавноста многу добро го памети уште во времето на Зоран Заев, кога само за да добие функција прелета од неговата матична партија ЛДП, во СДС. Тој е исто така неуспешен и скандалозен дипломат, што шеташе по…
Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово испрати предупредување до возачите поради значително намалена видливост на патните правци низ земјата. Најкритично е на планинскиот премин Стража, каде поради густа магла видливоста е намалена на само 50 метри. Истовремено, на Попова Шапка се бележат првите врнежи од слаб снег, додека во останатиот дел од државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата кои минуваат низ клисурите, каде е можна појава на одрони.
