Close Menu
Press24
    Најново

    АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени

    08.11.2026 во 10:58

    СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување

    08.11.2026 во 10:53

    Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“

    08.11.2026 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени
    • СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување
    • Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“
    • СДСМ: Доцнат плати во државни институции и општини – дали Мицкоски ја испразни државната каса?
    • Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
    • Метеоаларм од УХМР: Променливо облачно време со услови за дожд и прв снег
    • Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
    • Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени

    АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени

    08.11.2026 во 10:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од акционерското друштво ЕСМ најстрого ги отфрлија тврдењата за наводно доцнење на платите во компанијата, обвинувајќи одредени политички партии за ширење лажни наративи и обиди за саботажа на енергетскиот сектор со цел внесување немир меѓу вработените.

    Од компанијата појаснуваат дека платата за вработените ќе биде исплатена во рамките на законскиот рок, а тековните административни усогласувања во системот настанале исклучиво поради едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци. Ова, според ЕСМ, наметнало потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 6 ноември, сè со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата.

    Во реакцијата се нагласува дека работењето на АД ЕСМ во изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација. Исто така, оттаму децидно посочуваат дека работењето на компанијата не треба да се поврзува со државниот буџет:

    „Средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година“, велат од ЕСМ.

    Од компанијата потсетуваат и на преземените чекори за подобрување на стандардот на вработените, истакнувајќи дека веќе е започнат процесот за зголемување на платите согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Дополнително, на почетокот на јули бил исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во целосна вредност од 100%, а се потсетува и дека во изминатите две години декемвриската плата се исплаќа пред почетокот на новогодишните празници.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Доцнат плати во државни институции и општини – дали Мицкоски ја испразни државната каса?

    08.11.2026 во 10:41

    Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

    07.11.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.