Close Menu
Press24
    Најново

    Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“

    08.11.2026 во 10:50

    СДСМ: Доцнат плати во државни институции и општини – дали Мицкоски ја испразни државната каса?

    08.11.2026 во 10:41

    Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј

    08.11.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“
    • СДСМ: Доцнат плати во државни институции и општини – дали Мицкоски ја испразни државната каса?
    • Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
    • Метеоаларм од УХМР: Променливо облачно време со услови за дожд и прв снег
    • Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
    • Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
    • ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
    • Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“

    Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“

    08.11.2026 во 10:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат на последните обвинувања од опозицискaта СДСМ, порачувајќи им прво да се запознаат со институционалните надлежности во државата, особено кога станува збор за банкарскиот сектор. Од партијата обвинуваат дека опозицијата свесно шири паника и манипулира со јавноста.

    Во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ се нагласува дека Народната банка и гувернерот се единствените институции кои носат одлуки во рамките на своите законски надлежности за банкарскиот систем, додавајќи дека случајот со „Алта банка“ е „увезен проблем“.

    „Во СДС прво треба да научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем“, стои во партиското соопштение.

    Од владејачката партија го обвинуваат лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и неговите соработници за креирање искривени перцепции и обиди за политичко профитирање преку ширење страв меѓу граѓаните дека кризата може да се прелее во сите банки.

    „Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени“, велат оттаму.

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ останува симбол за нестабилност и афери, а нивното однесување во врска со чувствителни теми од јавен интерес го оценија како деструктивно и неосновано.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард

    07.11.2026 во 14:28

    ВМРО-ДПМНЕ Центар: Градоначалникот Герасимовски го допре дното со манипулации околу наградите „Феникс“

    07.11.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.