Close Menu
Press24
    Најново

    Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј

    08.11.2026 во 10:23

    Метеоаларм од УХМР: Променливо облачно време со услови за дожд и прв снег

    08.11.2026 во 10:16

    Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

    07.11.2026 во 22:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
    • Метеоаларм од УХМР: Променливо облачно време со услови за дожд и прв снег
    • Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
    • Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
    • ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
    • Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина
    • 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило
    • Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј

    Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј

    08.11.2026 во 10:234 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го слават Свети великомаченик Димитриј – Митровден.

    Празник на заштитникот на градот Солун и почеток на зимската половина од годината.

    Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, наврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

    Свети великомаченик Димитриј (Митровден), 8.XI/26.X

    Празник на заштитникот на градот Солун и почеток на зимската половина од годината

    Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

    Меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби спаѓа и празникот Митровден што се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец и мироточив. Овој празник претставува и меѓник меѓу летниот и зимскиот период од годината.

    Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“.

    Насекаде во Македонија на Митровден се главувале момоци, селски говедари, полјаци, протуѓери, овчари, козари, свињари итн., но и селски старешини одборници, коџобашии итн., договор што важел до Ѓурѓовден или до следниот Митровден. На Митровден се правеле гозби за главените момоци, им се исплаќала ругата (заработувачката) и се правел пазар за наредниот период.

    Во некои места на Македонија Митровден е домашен празник, се чекаат гости, се месат лебови, се коли курбан или се одржуваат панаѓури. Во Разлошко како што е запишано во зборникот на браќата Молерови, Митровден бил празнуван со собор како ѓурѓовденскиот на врвот „Свети Митар“ среде Пирин. Таму имало „тројалиште“ заобиколено со дванаесет даба во спомен на 12-те апостоли. Интересно е што во околината никаде немало даб. Во последно време поради тоа што времето во овој период на годината е студено со дожд и снег и овој собор е изоставен

    Антон Поп Стоилов забележал дека во Мариово собир имало во с. Манастир кај црквата „Св. Димитрија“, а на овој ден панаѓур правеле и селата Бзовиќ, Старавина, Градешница и Груништа. Марковиот манастир во близината на Скопје е посветен на свети Димитрија и во него има циклус фрески од животот на овој светец. Во Гевгелиско, како што запишал Стефан Тановиќ свети Димитрија го празнувале и Турците под името Касим. Во овој крај до овој празник го собирале бериќетот од полето за после да ги пуштат говедата без чувар (ајмана). Исто така, цел ден се одело на лов касимавна – митровденски лов. На овој ден вечерта на овчарите, воловарите измеќарите и сл. им се приредувала вечера и им се исплаќала заработувачката за изминатиот период.

    Со Митровден се поврзани и повеќе верувања. Марко Цепенков забележал дека „како што ќе биди дено на Митроен топол, студен и ер како да биди, таквие ќе биле четириесетте дни по Митроен“.На друго место Цепенков запишал дека „на новина ако биди Митроен, тешка зима ќе имало.“

    Прочитај повеќе

    Метеоаларм од УХМР: Променливо облачно време со услови за дожд и прв снег

    08.11.2026 во 10:16

    Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

    07.11.2026 во 22:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.