Close Menu
Press24
    Најново

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38

    Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка

    29.10.2026 во 13:34

    Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?

    29.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”

    Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”

    08.05.2026 во 13:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”.

    ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на животот!“, порача таа на отворањето на годинешната националната акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2026“.

    Говорејќи за односот на човекот кон природата, таа потсети на делото „Природен договор“ на францускиот филозоф Мишел Сера во коешто се истакнува дека човештвото мора да склучи пријателски договор со планетата Земја и да ја третира како рамноправен партнер.

    Според неа, човекот наместо да живее во хармонија со природата, влегува во судир со неа, нарушувајќи ја природната рамнотежа и чекорејќи кон самоуништување. Таа додаде дека ваквите иницијативи претставуваат важен потсетник за потребата од промена.

    Сиљановска-Давкова го спомена неодамнешниот настан во нејзиниот Кабинет, чијашто цел беше да се поттикнат наставата и учењето во природа.

    На градоначалникот на Скопје, му предложи да го следи примерот на градоначалничката на Париз, Ан Идалго која неколку париски улици трансформираше во зелени површини. „Зеленото е убаво, прекрасно. Скопје треба да озелени, ама претходно треба да го исчистиме“, порача претседателката.

    Во денешното чистење на брегот на реката Вардар, во организација на Град Скопје во соработка со „Генералка викенд“  учествуваа 8 екипи распоредени од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“, на северната и јужната страна на Вардар.

    Во соработка со претпријатијата „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во акцијата за чистење на кејот на Вардар учествуваа волонтери од приватни компании и институции, како и средношколци и студенти.

    „Генералка викенд 2026“ ќе се одржи од 8-10 мај во 80 општини низ целата држава на повеќе од 500 локации.

    Прочитај повеќе

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38

    Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка

    29.10.2026 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.