Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Јавниот простор им го враќаме на граѓаните

    Меџити: Јавниот простор им го враќаме на граѓаните

    08.05.2026 во 13:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината.

    Акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има потреба. Според евиденцијата направена на терен, на територијата на Општина Чаир се идентификувани до 200 напуштени и хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и паркинг-простори во различни делови на општината.

    „Денес во Чаир не се реализира само симболична акција. Денес јавниот простор им го враќаме на граѓаните. Со години уништени и напуштени возила заземаа тротоари, паркинзи и цели населби, создавајќи хаос, нечистотија и револт кај жителите“, изјави Меџити.

    Тој нагласи дека акцијата има две важни димензии – практична и еколошка – бидејќи покрај ослободувањето на паркинг-просторот, се отстранува и сериозен еколошки проблем создаден од напуштените возила кои со години ја загадувале животната средина и го нарушувале изгледот на населбите.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.