Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир

    11.06.2026 во 09:38

    Скокна цената на нафтата

    11.06.2026 во 09:34

    Земјотрес ја погоди Србија: Епицентарот во близина на Соко Бања

    11.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир
    • Скокна цената на нафтата
    • Земјотрес ја погоди Србија: Епицентарот во близина на Соко Бања
    • Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип
    • Вучиќ најави оставка – размислува за да се кандидира за премиер
    • Една година мандат: Алиу најавува дигитално и поефикасно здравство
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се впушти во романса со Бугарија да ги истурка уставните измени за власт
    • На повидок се рекордни горештини и суши – Започна нов циклус на Ел Нињо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тринаесет полицајци на обвинителна клупа за „Пулс“: „Не сме виновни, сторивме сè што можевме“

    Тринаесет полицајци на обвинителна клупа за „Пулс“: „Не сме виновни, сторивме сè што можевме“

    11.05.2026 во 16:182 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со негирање на вината започна судењето за 13-те полициски службеници кои се товарат за пропусти при контролата на кабарето „Пулс“ во Кочани, каде минатата година животот го загубија 63 лица.

    Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска побара конструктивност од одбраната и одлучи процесот да продолжи со главна расправа, одбивајќи ги барањата за изземање и за одложување на предметот.

    „Очекував ова рочиште да биде поконструктивно. Може да продолжиме со рочиште за главна расправа. Сте ги примиле доказите и сте имале можност да се запознаете со нивната содржина“, порача судијката.

    Клучниот аргумент на Обвинителството е дека полицајците кои биле во кабарето не направиле ништо да го спречат активирањето на пиротехниката, ниту пак се погрижиле за безбеден излез на присутните. Обвинителката Спасенка Андонова нагласи дека полицајците „имале можност да го забележат постоењето на ваквата пиротехника на бината“.

    Одбраната на полицајците во воведниот збор истакна дека тие постапувале според вообичаен план и дека не е нивна вина што избил пожарот. Според адвокатите, дел од обвинетите воопшто не ни влегле во објектот критичната ноќ.

    „Полициските службеници на критичниот ден биле неколку минути присутни во кабарето и почнале да работат по обврските наведени во планот за акциска контрола и не знаеле и не можеле да знаат дека воопшто ќе се користат пиротехнички средства“, наведе одбраната.

    Предметот го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а полицајците се товарат дека на 16 март ниту ја прекинала забавата, ниту спречиле активирање на опасните материи иако биле дежурни и ангажирани во дискотеката.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир

    11.06.2026 во 09:38

    Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип

    11.06.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.