- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
Author: Author 04
Според официјалните мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух, Скопје денеска се наоѓа меѓу најзагадените градови во светот. Според платформата IQAir, денеска во 14:45 часот, главниот град на Македонија беше на петтото место по загаденост, откако претходно накратко беше и меѓу првите три најзагадени. Пред Скопје, на листата по загаденост се наоѓаат градови од Азија: Лахоре (Пакистан), Колкута и Њу Делхи (Индија), како и Сараево (Босна и Херцеговина). Листата на топ 10 најзагадени градови ја заокружуваат градови од Кина и Пакистан, што значи дека Скопје, веднаш по Сараево, денеска е втор најзагаден европски град.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун. Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит. За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план. Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации. На церемонијата, новоименуваниот амбасадор…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро го искоментира повлекувањето на компанијата на Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, од проектот за изградба на луксузен хотелски и станбен комплекс на местото на бомбардираниот Генералштаб во Белград. Вучиќ ја префрли вината на кампањата која се водеше против инвеститорот. „Сè што се случи во врска со Генералштабот, се гордеам со сите што учествуваа во обидот да се донесе толку голем инвеститор, а со кампањата и ловот што се водеше против инвеститорот успеавме да го уништиме сето тоа“, рече Вучиќ, пренесува „Телеграф“. Тој ја оцени штетата како огромна, обвинувајќи дека целта на критиките е…
Основен суд во Велес изрече условна казна затвор од три месеци за родител кој му овозможил на својот малолетен син да користи електричен тротинет, при што детето заедно со другар се повредило. Казната е алтернативна, односно нема да биде издржана доколку осудениот во наредната една година не стори ново кривично дело. Родителот е прогласен за виновен за кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Според обвинението, настанот се случил на 1 мај годинава. Обвинетиот го оставил електричниот тротинет во дворот на семејната куќа, достапен за управување. И покрај тоа што бил свесен за ризикот, тој не го спречил детето да го…
Американските федерални власти вчера објавија дека уапсиле четворица наводни членови на екстремистичка група, осомничени за планирање на координирани бомбашки напади за Нова Година низ Јужна Калифорнија. Уапсените се членови на огранок на пропалестинската група наречена „Фронт за ослободување на островот желка“, стои во федералната кривична пријава. Осомничените биле приведени минатата недела во долината Лузерн, пустински град источно од Лос Анџелес. Тие се подготвувале да тестираат импровизирани експлозивни направи пред да го извршат планираниот напад. Главниот обвинител Пам Бонди изјави дека групата планирала да изврши серија бомбашки напади врз повеќе цели во Калифорнија, почнувајќи од новогодишната ноќ. Како дополнителни цели биле…
Вчера (15.12.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје, 19-годишна жена пријави дека на 14.12.2025 околу 19:10 часот на автобуската постојка на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј.(29). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден Систем за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари кој ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија. Системот овозможува унапредување на контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит, како клучно во сузбивање на сивата економија, разобличување на криминалот, заштита на финансиските интереси и полнење на Буџетот, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Воедно, во случај цените на стоките да се пониски од берзанските, царинските службеници ќе добијат аларм за можна царинска измама.…
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите. „Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството. Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело „попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година,…
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, се посочува во соопштението од СДСМ. „Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи! Правдата ќе победи!“, стои во соопштението од СДСМ.
