Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата скокна
    • Хаварија во регионот: Пола град остана без вода
    • Почина Ведрана Рудан – „Отиде на подрачје без сигнал“
    • Украина со масовен напад со дронови врз Москва: Погоден магацинот на „Вајлдберис“
    • Наскоро продолжен викенд, ќе одмориме три дена – Останаа уште неколку неработни денови годинава
    • Добра вест за граѓаните: Пари ќе легнат на сметките, започна исплатата на „Мој ДДВ“
    • Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овенот, изненадување за Близнаците
    • Портокалово предупредување: Висока опасност од пожари низ земјава, ЦУК со апел до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: „Фолклорот како живо наследство“, голем настан во Паркот на Франкофонија со народни ора и песни, носии и ракотворби

    Герасимовски: „Фолклорот како живо наследство“, голем настан во Паркот на Франкофонија со народни ора и песни, носии и ракотворби

    07.05.2026 во 12:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот  настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство.

    Настанот, кој е дел од богатата културна програма на Општина Центар за 2026 година, ќе понуди разновидна сценска програма,  со настапи на сите возрасни групи од Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, како и гости, фолклорни групи од Детскиот културен центар – Карпош.

    „Ги поканувам сите љубители на фолклорот, семејствата и младите да бидат дел од ова уникатно доживување и заедно да го одбележиме и прославиме нашето културно и духовно наследство. Фолклорот е живо сведоштво за нашиот идентитет – тој нè поврзува, нè обединува и нè враќа кон нашите корени. Ова е извонредна можност за меѓугенерациско дружење, културна размена и заедничко уживање во богатството на македонската традиција“, порача Герасимовски.

    Покрај сценската програма, ќе се реализираат и етно-креативни работилници за деца, каде преку интерактивен пристап најмладите  ќе се запознаат со народни ора, песни, традиционални носии и ракотворби. Во активностите ќе учествуваат етнолози и етнокореолози, кои ќе обезбедат автентично, едукативно и инспиративно искуство.

    Општина Центар со овој проект има за цел да го промовира и доближи фолклорот, особено до децата и младите, да создаде  мост меѓу генерациите и да поттикне негување и зачувување на  културното наследство што нè дефинира како заедница.

    Прочитај повеќе

    Анализите потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    18.08.2026 во 08:45

    Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода

    18.08.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.