Author: Author 04

Државниот завод за ревизија (ДЗР) откри сериозни неправилности во работењето на Министерството за економија и труд за 2024 година, кои резултирале со огромна финансиска штета за државниот Буџет. Поради неажурност и застареност на прекршочните постапки, државата останала без неверојатни 2.078.000 евра. Ревизорите констатирале дека дури 1.534 прекршочни предмети биле запрени бидејќи надлежните служби не постапувале навреме. Дополнителен шок е информацијата дека во септември 2024 година бил извршен хакерски напад врз софтверот за прекршоци, по што податоците се неповратно изгубени. Во делот на јавните набавки, откриени се пропусти при изградба на фотонапонски централи. За втората фаза од проектот, вредна над 420.000…

Повеќе

„Зелените ленти“ овозможуваат непречен проток на стока и се клучни за зајакнување на конкурентноста на компаниите и за градење доверба меѓу соседите. Наша заедничка одговорност е добрите концепти да ги претвориме во целосно функционални системи во пракса, истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски во официјално обраќање на неформалниот состанок на генералните директори на царинските управи, организиран од Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел. -Меморандумoт за електронска размена на податоци со Бугарија што го потпишавме денеска во Брисел е доказ за нашата силна посветеност за подобрување на системот на функционирање на зелените ленти преку електронска размена на податоци уште пред стоката…

Повеќе

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа измени на Кривичниот законик со кои се предвидуваат драстично построги казни за најтешките сообраќајни прекршоци. Најголемата новина е воведувањето на трајно и задолжително одземање на возилото за возачите кои се повторници во делата. Според предлогот, автомобилот ќе биде одземен доколку возачот пречекори брзина за повеќе од 70 км/ч во град или 90 км/ч на отворено, под услов веќе да има претходна пресуда за слично дело. Одземање ќе има и ако возачот немал возачка дозвола, а возилото е негово. Дополнително, се воведува затворска казна од три месеци до три години за „безобѕирно управување“. Ова вклучува: Забраната…

Повеќе

Вчера (17.12.2025) во 20:05 часот на крстосница од улица „Народен Фронт“ и улица „Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(35) од Кавадарци. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност. Додека емисијата „Тешки муабети“ се емитувала во…

Повеќе

Утре пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја го слават Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, еден од најпочитуваните светци. Св. Никола, кој на 19 декември се празнува и е познат како зимен, е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците… Го сла­ват христијаните, и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, како и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција. Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има илјадници цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства утре со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Св. Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци. Детство…

Повеќе

Општина Гази Баба рано утрово започна со акција за рушење на бесправно изграден објект во населбата Инџиково. Според информациите од градоначалникот Бобан Стефковски, акцијата започнала во 05:00 часот, по претходна координација со МВР. Се работи за објект во карабина фаза кој имал намера да се надградува, и покрај претходните забрани од надлежните служби. „Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности“, информираше Стефковски.…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Казнено-поправниот дом „Идризово“ во Скопје. Како што е најавено, во рамки на посетата, таа ќе оствари работна средба со директорот на установата, Зоран Јовановски. Сиљановска-Давкова ќе ја посети и работната единица во затворот, односно шивалната која функционира во состав на женското одделение.

Повеќе

ОвенДенес размислувате пошироко и појасно од вообичаено. Нешто што сте го започнале во октомври или ноември повторно доаѓа во фокус, но овојпат со повеќе логика и помалку импулс. Месечината и Меркур ви помагаат да го видите следниот чекор, особено ако станува збор за учење, план за патување или личен развој. Денот е добар за разговор што отвора нов правец. БикСе активира тема поврзана со пари, договори или заеднички ресурси. Денес може да сфатите каде точно треба да направите промена за да се чувствувате посигурно. Идејата што ја добивате не е голема, туку практична, но токму таа носи напредок. Ова е…

Повеќе

Масивен пнеумоторакс и едем на мозокот се дел од причините за смртта на бебето од Арачиново, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е покрената иницијатива за стручен надзор кој ќе го испитува целиот случај. „До Министерството за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија која ќе утврди дали во третманот на новороденчето имало пропусти“, изјави Лазов. Од извршениот вонреден надзор е утврдено дека по породувањето со царски рез, детето било ставено на антибиотска терапија и механичка вентилација. И покрај преземените мерки за реанимација по наглото влошување на состојбата, лекарите не успеале…

Повеќе