Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: ДУИ лаже и манипулира, во МЕПСО е избрана за 72 отсто поевтина понуда

    ВЛЕН: ДУИ лаже и манипулира, во МЕПСО е избрана за 72 отсто поевтина понуда

    07.05.2026 во 10:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста, велат од ВЛЕН.

    „Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса.

    Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ДДВ. Разликата е 466.630 денари, односно избраната понуда е околу 72 проценти пониска.

    Што точно ѝ пречи на ДУИ?

    Тоа што е избрана најевтината понуда?

    Или тоа што повеќе не можат тие да одлучуваат кој ќе добива тендери?

    ДУИ намерно ја меша рамковната вредност со понудената цена. Ова е рамковен договор, не автоматска исплата. Максималната вредност не значи дека ќе се искористи целата сума, ниту дека парите однапред се исплатени. Нарачките се реализираат по потреба, поединечно и според реално извршени работи. Но овој пат по многу пониски цени, за разлика од времето во кое тие управуваа.

    Затоа нивната конструкција паѓа уште на првиот факт.

    Вистинската причина за ова политичко врескање е друга: ДУИ пишти затоа што МЕПСО почна да ги прекинува старите шеми. Пиштат затоа што беше раскинат договорот во кој, според јавните информации, се појавуваше и интересот на Нефи од Охрид, близок на Али Ахмети и Бујар Османи. Пиштат затоа што се отвори прашањето како со години од МЕПСО се влечеле пари преку блиски фирми, блиски луѓе и блиски кругови до врвот на ДУИ.

    Наместо да зборуваат за корупција, ДУИ треба да одговори:

    Кој имаше интерес од старите договори?

    Кој денес ги брани тие шеми?

    Зошто пиштат како некој да им брцнал во џебот?

    ДУИ нема кредибилитет да зборува за транспарентност. Тие се симбол на партизација, клиентелизам и претворање на јавните претпријатија во партиски плен.

    ВЛЕН нема да се повлече пред нивните лаги. Институциите не се приватна сопственост на ДУИ. МЕПСО нема повеќе да биде банкомат за партиски и семејни интереси.

    Фактите се јасни: избрана е најевтината понуда, договорот е рамковен, а ДУИ лаже затоа што им се руши системот на контрола и испумпување јавни пари“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.