Вчера околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во село Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.А.(19) од Кочани. Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

