Close Menu
Press24
    Најново

    Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

    08.07.2026 во 19:28

    Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади

    08.07.2026 во 19:21

    Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари

    08.07.2026 во 19:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари
    • Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот
    • НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
    • Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда
    • Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ
    • Гаши се сретна со Кос: Во фокусот на разговорите патот на Македонија кон ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Полицијата е понижена и паритизирана со новиот противуставен Закон за МВР

    СДСМ: Полицијата е понижена и паритизирана со новиот противуставен Закон за МВР

    07.05.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ им го честита Денот на полицијата на сите чесни, професионални и посветени полициски службеници кои и покрај притисоците, понижувањата и партизацијата којашто ја прави Тошковски и ВМРО-ОКГ, секојдневно се посветени на безбедноста на граѓаните, се вели во соопштението одс СДСМ.

    „Но денес, наместо гордост и доверба, јавноста гледа распад на системот, скандали, насилство, селективна правда и партизирана полиција ставена во функција на заштита на власта и криминалните структури околу Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

    Примери има безброј.

    Двајца богидарди на премиерот Мицкоски се вмешани во скандали, едниот е во притвор откако брутално ја претепал сопствената сопруга а вториот на повторно судење за оддавање службена тајна.

    Полицијата е понижена и паритизирана со новиот противуставен Закон за МВР. Напредуваат кадри кои можат да дојдат од улица или директно од партиските штабови на ВМРО, наместо професионалци кои со години се усовршувале и чесно служеле на државата.

    Жал ни е што овие фрлаат сенка врз чесните припадници на службата.

    Во последните две години, со Панче Тошковски во МВР, Македонија стана држава во која насилството е секојдневие – во училиштата, во домовите и на улиците.

    Пред само неколку дена имаше случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје. Системот кој треба да заштити – не функционира.

    Грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници имаше во Скопје, Гостивар и Неготино. Превенција нема. Одговорност нема.

    Семејното насилство е на секој чекор, а често завршува трагично и покрај бројни пријави кои институциите ги игнорираат.

    Млада жена и дете беа убиени и покрај 12 пријави за насилство. МВР било слепо и глуво.

    Во Велес, насилник уби жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане, сериски убиец убиваше жени со години додека институциите не реагирале.

    Во Кочани згаснаа 63 животи, а до денес нема вистинска одговорност.

    Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола, одговорност нема.

    Последниот скандал, Тошковски јавно призна дека полицијата поседува систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор.

    После Black Cube, приватниот Мосад за тајно снимање, следење и фабрикување афери, Мицкоски и ВМРО-ОКГ одат чекор понатаму – воведуваат државен шпионски систем против сопствените граѓани.

    Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална и политичка одговорност?

    Време е да ја преземе. Оставка веднаш!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

    08.07.2026 во 15:52

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.