- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
Author: Author 04
Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение. Настанот беше објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презеде мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а исто така денес е извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле…
На 12/13.12.2025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пронајдоа и одзедоа единаесет рибарски мрежи со должина од околу 550 метри со улов од 537 парчиња риба Охридска Белвица со вкупна тежина од 55.7 килограми. Од 01.12.2025 година до 28.02.2026 година, на сила е Забраната за риболов, поради период за природен мрест на рибите и се однесува за сите риболовни зони во Охридското езеро поради што, контролните активности по Охридското езеро се интензивирани. Се преземаат мерки за утврдување на сопственоста на…
Вчера, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода ги лишија А.Х.(52), Р.Х.(49), Р.Е.(49) и Р.А.(20), сите од Корча, Република Албанија.Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот. По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Д.М. од Охрид, при извршување работи во куќен двор во охридското село Речица, пронашол рачна бомба. Од извршениот увид во присуство на овластено лице-пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било констатирано дека се работело за експлозивна направа рачна Бомба М75 по што, истата е безбедно подигната за натамошна постапка.
Вчера во 16:00 часот, во селото Требеништа, општина Дебрца, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода ги лишија А.А.(20) и Ј.Ј.(24), двајцата од Охрид. Претходно, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „поло“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.О. од Охрид во кое приведените биле сопатници. Откако возачот ги забележал полициските службеници, ја зголемил брзината на движење во насока кон полициските службеници и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки, А.А. и Ј.Ј. биле затекнати во село Требеништа, каде и беа лишени од слобода. По извесно време, со возило „фолксваген туран“ пристигнал…
Се очекува главните советници на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, да се сретнат во Берлин во понеделник со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Германија, Франција и Обединетото Кралство за да се обидат да постигнат договор за мировен план на САД за Украина, изјавија за Axios двајца претставници на Белата куќа. Белата куќа врши притисок врз Украина да го одобри нејзиниот план, но територијалните отстапки што се бараат од Киев остануваат главна точка на сопнување. Американската страна верува дека сите други прашања се блиску до решавање и дека Зеленски можеби дал зелено светло за прашањето за…
Мјанмарската армија спроведе голема операција во државата Ракхин против милитантни групи, но нападот погоди болница во која беа убиени 30 лица, вклучувајќи деца. Мјанмарската армија денес потврди дека нападнала болница во државата Ракхин на западот од земјата, која, според властите, е седиште на милитантна група, и дека најмалку 30 лица, вклучувајќи пациенти и деца, биле убиени. Воената прес-служба објави дека вооружените групи Армија на Аракан и Сили за народна одбрана ја користат болницата како своја база и дека армијата ги презела потребните безбедносни мерки и започнала антитерористичка операција против зградите на болницата. Армијата тврди дека мртвите и повредените се членови…
За време на 90-минутната средба меѓу Ердоган и Путин во Ашхабат, главниот град на Туркменистан, турскиот лидер потврди дека Турција е подготвена да биде домаќин на разговори за Украина во кој било формат. Како што претходно објави агенцијата ТАСС, двајцата лидери се сретнаа на маргините на Меѓународниот форум за мир и мерки за градење доверба и првично разговорите се одржаа со учество на делегации од двете земји, но претседателите потоа ги продолжија своите дискусии „приватно“. Путин и Ердоган се согласија во Ашхабат дека европските обиди за запленување на руски средства ќе доведат до колапс на темелите на меѓународниот финансиски систем,…
Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира за намалена видливост и потенцијални опасности на одредени патни правци: Намалена видливост од 50 до 150 метри има поради магла во регионите на Кичево и Ботун. Можна е појава на поситни одрони на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури. Екипите на претпријатието редовно ги чистат овие делници. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.ЈП „Македонија пат“ апелира до сите учесници во сообраќајот: Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари за извршување на две тешки кривични дела: Обвинетиот, спротивно на волјата на оштетената, ја принудил да влезе во изнајмен апартман. Со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил полово дејствие. Ѝ се заканил со нож дека ќе ја заколе, притоа нанесувајќи ѝ повреди со ножот на левата нога и слабината. Обвинетиот се јавувал кај својата сопруга и други лица, на кои им кажувал дека ќе ја заколе жртвата додека го држел ножот под нејзиното грло. Целиот настан, вклучувајќи го и…
