Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел

    Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел

    05.05.2026 во 11:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

    Публиката на концертот, што ќе се одржи во престижната сала „Бозар“ (Bozar) во Брисел, ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез-израз.

    Манифестацијата „Денови на македонската култура“, на која македонската уметност се  претставува пред европската публика во најрепрезентативно издание, започна на 2 мај со настапот на Балетот при Националната опера и балет во Антверпен, а вчера програмата продолжи во киносалата „Синема галерис“ (Cinema Galeries) во Брисел со проекција на филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески. До крајот на годината, манифестацијата ќе биде заокружена со изложба на теракотни икони од Виница во Европскиот парламент.

    Манифестацијата „Денови на македонската култура“ претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и современото уметничко творештво на Македонија на меѓународната сцена. Оваа престижна манифестација се реализира и организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

    Прочитај повеќе

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.