Author: Author 04

Од 14:30 часот попладнево, сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен е во целосен прекин. Причината за прекинот е јавен собир на граѓани кој се одржува над битолската населба Баир. Како што информираат од АМСМ, поради блокадата, сите возила се пренасочуваат низ градот Битола, што веќе создава дополнителен метеж по градските сообраќајници. Полициски екипи се на терен и го регулираат движењето на возилата додека трае протестот.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји. Главниот фокус на разговорите бил ставен врз потенцијалот за нови заеднички проекти кои треба да го забрзаат економскиот напредок. „Односите меѓу нашите две земји се темелат на взаемна почит и соработка. Верувам дека постои значителен потенцијал за натамошно унапредување на соработката преку конкретни иницијативи кои ќе придонесат за подобра благосостојба на граѓаните“, истакна Мицкоски по средбата. Премиерот нагласи дека во наредниот период се очекува интензивирање на контактите во областите на инфраструктурата и економијата, како клучни столбови…

Повеќе

Денеска во Абу Даби започна вториот круг од мировните преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави. Трилатералните средби, во кои учествуваат тимови од Киев, Москва и Вашингтон, имаат за цел да најдат излез од четиригодишниот крвав конфликт. Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, потврди дека процесот е започнат и дека тимовите ќе работат во одвоени групи на специфични теми пред финалното усогласување на ставовите. Овие средби се дел од засилената дипломатска офанзива на администрацијата на Доналд Трамп, која го притиска двете страни да најдат компромис за завршување на војната која започна во февруари 2022 година.

Повеќе

Катастрофално невреме денеска го парализираше Иберискиот Полуостров. Бурата „Леонардо“ најсилно удри врз Андалузија, каде повеќе од 3.500 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Училиштата се затворени, автобуските и железничките линии се во прекин, а регионот се соочува со вистински потоп. Најкритична е состојбата во Кадиз и Гразалема, каде веќе има повредени лица при уривање на куќи. Реките се излеваат од своите корита, а во Гранада е урнат дел од мост, со што десетици домаќинства останаа целосно отсечени од светот. Министерката за одбрана, Маргарита Роблес, соопшти дека армијата и специјалните воени единици за итни случаи (UME) се веќе на…

Повеќе

Патниот правец Прилеп-Градско кај превојот Плетвар од 14:00 часот е повторно прооден за сообраќај, откако заврши двочасовниот протест на граѓаните од ромска националност од Прилеп. Демонстрантите, кои со возила и гуми го блокираа патот, бараат итно укинување на новите законски одредби со кои полицијата привремено ги одзема возилата доколку возачот не поседува возачка дозвола. „Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Нека се казнува парично за возење без дозвола, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда на сите граѓани“, изјави Ерсад Решидоски, учесник во протестот. Иако патот е сега слободен, граѓаните најавија…

Повеќе

Вчера во 22:33 часот во СВР Скопје 49-годишен маж од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар пред влезната врата од неговиот стан. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од пријавителот и неговиот сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 20:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека во домот на нејзиниот партнер Љ.З., на подрачјето на Кисела Вода, тој и го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и со употреба на остар предмет и упатил закани, а подоцна во дворот со тврд предмет и го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции. -     Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност…

Повеќе

Црква стара повеќе од пет века во романскиот град Чеху Силванеи делумно се урна синоќа, предизвикувајќи паника меѓу локалното население. Во инцидентот е повредена полицајка, која во моментот на уривањето одела кон блиската полициска станица. Според првичните информации, се урна кулата на Реформираната црква висока 40 метри, која била во фаза на реновирање. Иако работниците забележале пукнатини уште во петокот и ги запреле работите за да постават потпорни греди, конструкцијата не издржала и се урнала во вторникот навечер. Полицајката се здобила со полесни повреди обидувајќи се да избега од бучавата и урнатините, по што била пренесена во болница, но набргу…

Повеќе